Непал ќе го премерува „покривот на светот“

Владата на Непал нареди повторно да се измери „покривот на светот“ Монт Еверест, за да се утврди колку е навистина висок, соопшти денеска еден од официјалните лица во Катманди.

 |   | 
Mount Everest
Монт Еверест

Владата на Непал нареди повторно да се измери „покривот на светот“ Монт Еверест, за да се утврди колку е навистина висок, соопшти денеска еден од официјалните лица во Катманди.

Непал ја признава висината на монт Еверест од 8848 метри, која важи со децении. Но, Кина и алпинистите од западните земји од неодамна почнаа да изнесуваат други процени.

Подготовките биле во тек, а се планира на врвот на Еверест да се постават направи кои ќе ја измерат висината со помош на сателитска технологија ГПС. Поставувањето на тие направи на три различни локации и другите подготовки ќе потраат околу две години.

Американска експедиција во 1999 година со помош на ГПС измери дека Монт Еверест е висок 8850 метри и таа бројка денеска е во широка употреба. Кинезите пак неодамна тврдеа дека Еверест всушност е висок 8844 метри. Во текот на минатиот век во некои атласи е наведено дека највисокиот врв на светот има 8882 метри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top