Ознака: направи

panoramski avtobus vo Ohrid

Охриѓани го испробаа двокатниот панорамски автобус

Post Views: 22 Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус.  „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано.  Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите  ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој современ...

Continue reading

nikola bakraceski

Бакрачески им се заблагодари на охриѓани за големата подршка

Post Views: 0 „Охриѓани се мудар народ , Охриѓани се мудри луѓе. Охриѓани знаат што е вистина ,знаат што е посветеност , знаат што е иднина“ истакна новиот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески, на првото обраќање по големата победа во Охрид. Тој на своите охриѓани им изрази  огромна благодарност  за големата поддршка што им ја дадоа вчера низ еден процес на мирни, фер коректни и достоинствени  избори. „Вчера охриѓани направија разлика помеѓу иднината и досегашното назадување на градот , охриѓани  избраа ИДНИНА. Вчера во достоинствена и демократска атмосфера охриѓани дадоа...

Continue reading

Технички пропуст ќе ја остави Железничка без зеленило

Post Views: 0 Технички пропуст ќе ја остави  Железничка без хортикултурно уредување. На оваа нова градска сообраќајница, покрај тоа што беа изградени жардињери со лош квалитет на кои бетонот почна да се  распаѓа, нема и приклучок за вода. Таквиот пропуст не дозволува појасот на коловозот да биде оплеменет со зеленило, информира директорт на ЈП Комуналец Сашо Алче. „Железничка ние проблематична затоа што инвеститорот на оваа сообраќајница не испланирал воопшто систем за наводнување. Од тие причини ние се соочуваме со реален проблем нема вода за да се наводнуваат  жардињерите“. Работници...

Continue reading

pozar

Советот даде амин да им се помогне на семејствата чии домови изгореа

Post Views: 60 Хуманоста ги обедини охридските советници. Прва точка на 59 седница на совет беше Информацијата за настанатите пожари во Охрид на 16 и 17 февруари годинава кога беа опожарени неколку домови. Градоначалникот уште еднаш ги потсети советниците на кобните  два дена кога во неколку часа, огнот проголта неколку домови во стариот дел на Охрид,  нас. Радојца Новичиќ и Воска. За куќата во стариот дел на Охрид градоначалникот потенцира дека  локалната  финансирала за да се направи нов покрив, врати и прозори, т.е како што кажа Петрески да се смени она што било најбитно за да...

Continue reading

d-r Bakraceski

Д-р Бакрачески: Време е за градење подобар Охрид

Post Views: 11 „Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани. Д-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа. „Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се работи...

Continue reading

ohridski teatar

2012 – успешна година за Охридскиот професионален театар

Post Views: 24 4 премиери и изиграни над 60 претстави за нацела година, е билансот на работата од првата година од возобнувањето на охридскиот професионален театар. Директорот на оваа културна институција Горан Стојаноски повеќе од задоволен од сработеното во минатата година, но ветува дека тоа беше само почеток затоа што најдоброто од оваа уиграна екипа допрва следува. „Самиот факт покажува дека 4 премиери подразбира 8 месеци секојдневна работа, по два месеци од претстава, а од друга страна Охрид веќе може да се пофали со репертоар и ако за краток период и со традиција. Кога странци...

Continue reading

cinar Ohrid

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

Post Views: 5 И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори...

Continue reading

rampa

Тргнати рампите од центарот на Охрид

Post Views: 4 Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а апаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека  рампите се тргнати со цел    за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето. Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува...

Continue reading

grasnica

Каде ќе се контролираат Охридските бродови?

Post Views: 55 Бродарите, иако дозволите им важат до 2014 год, на година и пол мора да направат контролен меѓупреглед на своите пловни објекти.  Меѓупрегегледот треба да го направи меѓународната групација Бироверирас, но стручните екипи ќе присигнат на покана на сопствениците на пловните објекти. „До април месец секој од бродарите мора да обезбедат термин и да ги повикаат од Бироверитас  за да направат контролен меѓупреглед, бидејќи серификатот е на три годиним, а меѓу прегледот е на година и пол, со толеранција плус, минус шест месеци. Самите бродари ќе си го повикуваат класификациското...

Continue reading

sahta

МЗ 7ми Ноември заборавена од надлежните

Post Views: 0 Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.   „Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна.  На крај кога ги правеа шахтите...

Continue reading

OO SDSM

ОО СДСМ ќе ги отвора вратите на иднинатата и кај Охридѓани

Post Views: 6 Од 01 октомви 2012 год. започнува реализацијата на „Отвори врата за иднината“. Од ОО на СДСМ велат дека ова е оргинален проект на СДСМ во 21 годишното повеќе партиско искуство на Р Македонија преку кој за прв пат активистите на СДСМ во периодот од 18 до 21.00 часот  ќе ги посетат сите домови ќе чукнат на секоја врата и ќе поразговараат со граѓаните.   „Ќе поразговаат поточно ќе ги слушнат нивните ставови и нивните мислења, нивните предлози.  Што е она што треба да се направи за нив, што е она што треба да се направи за нивната улица што е најважното што треба да се направи...

Continue reading

Nikola Mitrovik

ВМРО ДПМНЕ: „Најавите за автобуска и катна гаража се празни ветувања“

Post Views: 1 „Откога во 8 години мандат Александар Петрески не успеа да остави зад себе ниту едно капитално дело во Охрид, откога  поминаа пред народот сите негови лаги и манипулации, откога беа откриени сите елеманти на коруптивно владеење и незнаење, еве го Петрески во нова мисија на лажење на граѓаните на Охрид. Под превезот на наводна заинтересираност за градот, Петрески со своите соработници на Охрид му се нуди преку наводен Проект за јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во Охрид. Истата онаа која ја вети пред 8 години и никогашш не ја направи ескивирајќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top