2012 – успешна година за Охридскиот професионален театар

Охридскиот театар полека но сигурно застанува на цртсти нозе.

 |  Маленкова Татјана  | 
ohridski teatar
охридски тетар

4 премиери и изиграни над 60 претстави за нацела година, е билансот на работата од првата година од возобнувањето на охридскиот професионален театар. Директорот на оваа културна институција Горан Стојаноски повеќе од задоволен од сработеното во минатата година, но ветува дека тоа беше само почеток затоа што најдоброто од оваа уиграна екипа допрва следува.

„Самиот факт покажува дека 4 премиери подразбира 8 месеци секојдневна работа, по два месеци од Goran Stojanoskiпретстава, а од друга страна Охрид веќе може да се пофали со репертоар и ако за краток период и со традиција. Кога странци доаѓаат во одреден град прашуваат кај ви е театарот. Да тетатрот е овде во Охрид со снажен репертоар со висококвалитетни престави со висока посетеност“, вели директор на охридски театар, Горан Стојаноски.

Многу сум задоволен од тоа што владата на Р Македонија веќе размислува за ангажирање на нови лица и проширување на нашата институција.  Донесена е одлука за техничка опрема и возила така да во наредние години ова ќе прерасне во една посилна традиција за достоинство на граѓаните“, категоричен е Стојаноски.

„Мислам дека треба да се направи редефинирање на просторните капацитети, внатрешната структура за да може театарот да фати квалитетен правец. Вие премалку спомнавте љубов, ентузијазам итн.  Тое е стартот, но тоа е и база на одреден аматеризам. Тука завршува приказната, љубовта, ентузијазмот се како дел од природата на луѓето, но кога е во прашање професионализација тоа подразбира кравање на свеста, квалитетна визија, водење на таа визија, квалитно програмско утврдување  врз осова на програмата и внатрешно организацоно утврдување. Сметам дека во следнава година сетоа тоа ќе се направи и ќе се направи добра платформа за уште подобро функционирање“, додава првиот човек на охридскиот тетар.

ohridski teatar Охридскот театар е бренд, кој за кратко време успеа да го направи репертоарот со висококвалитетни престави. Раководството на театарот тврди дека за да се зголеми репертоарот потребни се  уште луѓе кои ќе овозможат да има повеќе престави. Покрај актери треба и квалитетен технички тим.
На конкурсот кој редовно го објавува министерството за култура, охридскиот театар има аплицирано со 6 проекти, а колку  од нив ќе бидат одобрени ќе дознаеме кон средината на овој месец.     
Директорот на охридскиот народен театар, Стојаноски задоволен што кај охриѓани се обнови навиката да посетуваат претстави. Тој вели дека само така, поточно со заеднички сили го враќаме достоинството на градот. Што се однесува на жанрот на преставите Стојаноски вели дека не е точно дека граѓаните сакаат само комедија. Публиката си се дефинира, категоричен е Стојаноски и додава дека огромно е задоволството што охриѓани се редовни на сите претстави независно од жанрот.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top