Технички пропуст ќе ја остави Железничка без зеленило

Технички пропуст ќе ја остави  Железничка без хортикултурно уредување.

 |  Валентина Неловска  | 

Технички пропуст ќе ја остави  Железничка без хортикултурно уредување. На оваа нова градска сообраќајница, покрај тоа што беа изградени жардињери со лош квалитет на кои бетонот почна да се  распаѓа, нема и приклучок за вода. Таквиот пропуст не дозволува појасот на коловозот да биде оплеменет со зеленило, информира директорт на ЈП Комуналец Сашо Алче.

„Железничка ние проблематична затоа што инвеститорот на оваа сообраќајница не испланирал воопшто систем за наводнување. Од тие причини ние се соочуваме со реален проблем нема вода за да се наводнуваат  жардињерите“.
железничка
Работници на Комуналец  деновиве  интензивно работат на хортикултурно уредување на сите   градски паркови, кружни текови и  сообраќајници, но по се изгледа Железничка  ќе ја  заобиколат. Се додека не се реши проблемот со инсталирање на вода на сообраќајниот појас нема можност да бидат засадени било какви садници, напоменува Алче.

„ Ние  ќе направиме една анализа од каде може да се приклучи вода за наводнување на тој дел. Од Министерството за транспорт и врски ќе побараме да направат прекоп на дел од Железничка. Доколку не се направи систем за наводнување тешко дека некоја засадена билка ќе  успее да се одржи во живот без вода“, вели Алче.

ЈП „Охридски Комуналец“ од своите оранжерии планира во разни делови од градот да засади околу 40.000 цвеќиња и садници. Во тек е реализација на проектот  „Охрид град на цвеќето“. Нивна намера  е да бидат опфатени сите  јавни површини вклучуваќји го и Булеварот  Железничка. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top