Торинското платно-реликвија или средновековна измама?

Додека христијаните веруваат дека на ткаенината има мистериозен и чудесен отпечаток од телото на Исус, скептиците сметаат дека платното е добро осмислена измама од XIV век за примамување верници.

 |   | 
Shroud of Turin
торинско платно

Shroud of TurinЛучијано Бусо од Тревизо вели дека пронашол сокриен потпис на Џото ди Бондоне во отпечатокот од лицето и рацете на Христа а на неколку други места открил напишани 15-ки.

Тој е убеден дека бројката се однесува на 1315-та, годината кога му било наредено да направи копија од реликвијата, бидејќи оригиналот бил тешко оштетен или загубен.

Историчарот, кој своите контроверзни тези ги објавил во книга, вели дека неговата теорија се поклопува со современите карбонски тестови, кои покажаа дека тканенината потекнува од раниот XIV век.

papa Benedikt 16 pred Torinskoto platno

Платното е сопственост на Ватикан, но се чува во специјална комора во Туринската катедрала.
Симболите досега не биле пронајдени затоа што, како што вели Бусо, биле сокриени во тајни шари направени од четката на уметникот, кои не се видливи со голо око.

“Џото не се обидел да направи фалсификат, ниту да измами некого. Не е ни чудо што црквата го избрала токму него, бидејќи тој е еден од најпознатите и најдобри средновековни сликари”, објаснува Бусо.

Shroud of TurinДодека христијаните веруваат дека на ткаенината има мистериозен и чудесен отпечаток од телото на Исус, скептиците сметаат дека платното е добро осмислена измама од XIV век за примамување верници, за зацврснување на верата и придобивање поголеми парични донации за црквата. Во бројните теории, како автори на платното се споменуваа Леонардо да Винчи, витезите Темплари, па дури и самиот Исус.

Во март 2010-та, група дигитални уметници направија 3Д слика од ликот на Синот Божји, користејќи го токму Торинското платно. Истата година, Светото платно беше изложено во Торинската катедралата, каде привлече речиси 2 милиони посетители.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top