Завршни подготовки за 28-от Охридски атлетски маратон

Завршни подготовки за 28-от  Охридски атлетски маратон.

 |  Валентина Неловска  | 
atletika
atletika

Се прават завршните организациони подготовки за старт на 28  меѓународен охридски  атлетски маратон.  Но, годинешниов маратон ќе биде финансиски најскромен од било кога во изминативе  години од кога се одржува нагласува Пеце Неданов од организациониот одбор на најстарата маратонска манифестација во земјава. Досега се пријавени за учество околу 46 маратонци, од кои 5 во женска конкуренција, а до 7 септември додека трае пријавувањето очекуваме  уште од 20-тина маратонци, напоменува Неданов. Додава дека  ќе нема  голема конкуренција како во минатото заради годинешниот скромен награден фонд .
atletika
„ Во организациона смисла сме добивале пофалби. Финансискиот дел е редно да го преземе општината и да го направи поатрактривен овој маратон. Размислуваме за проширување на содржините да се трча и од Пешатни, но и од поблиски дестинации , да биде Ден на атлетиката и би било добро. Манифестацијата се одржува на 8 септември кога завршува сезонатата, а  би можеле д а се привлечат и туристи“, укажува Неданов.    
 
Од наградниот фонд кој изнесува  1650   евра , 650 евра  ги обезбедува општината, а преостанатиот дел од сумата е донација на Живко Стојчески од Австралија најтрофејниот маратонец на патеката и  иницијатор за обновување на манифестацијата, кажува Неданов. Минатата година организациониот одбор имал финансиска поддршка  и од Агенцијата за млади и спорт, но овој пат финансии нема ни од таму. Поддршка со пехари и медалји, како и со стартни  броеви единствено добиле  од Атлетската федерација. Потфрлиле и спонзорствата заради неповолната бизнис клима. Неданов укажува дека во изминативе години имале квалитени маратонски имиња, но и поголем награден фонд.
maraton
„ 2010  година имавме преку 100 учесници и беше подобар наградниот фонд. Сме имале години кога сме добивале и  по 4000 евра од општината што е значајно за да се направи ваква манифестација“.

Неданов финансиски го  споредува Скопскиот маратон кој има  помала  традиција од Охридскиот , но затоа има награден фонд од  15.000 евра. Учесниците на Охридскиот маратон за најдобрите резултати годинава ќе добијат по 500, 300 и 100 евра з а машките  и по 300, 200 и 100 за женските атлетичари.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top