Михаилов: Не може двајца, да избришат долг од 8 милиони евра

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, со експресна реакција на денешниот прес на ВМРО НП. 

 |  Николоска Биљана  | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, со експресна реакција на денешниот прес на ВМРО НП.  Тој нагласи дека неколкумина луѓе во народна, мислат дека граѓаните не знаат кој 8 години управуваше со Проаква и какви штети му направи на ЈП. Проаква е едно од најзадолжените претпријатија а за тоа главни виновници се точно претходното раководство во кое што заменик директор беше потпретседателот на ВМРО – НП, додаде Михаилов.

mihailov„Борбата за враќање на ЈП на нормални патеки враќањето на долговите е започната и ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески ќе направат се да ова ЈП се врати на нормални патеки. Меѓутоа да престант луѓето кои се занимаваат со ситни политички игри да ги лажат граѓаните дека тие имале идеја како ЈП да се спаси од долгови. 8 години го правеа тоа и само го задолжуваа ЈП. И затоа треба пред граѓаните да понесат одговорност. Фала на Бога има вистина, вистината е во бројките и во фактите тоа за брзо време ќе излезе на виделина. Не можат да седнат двајца да се договорат, ова не е договорна економија па државата ќе дели пари кај што сака. Ќе се направи програма таму за ревитализација на ЈП ќе се направи програма за санација на долговите и ќе се прави се да тоа претпријатие да излезе од долгови, не може двајца луѓе да седнат и да избришат долг од 8 милиони евра, за кој што го направија претходното раководство“ – изјави Михаилов.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top