Ознака: медицинска

brza pomos

Итната медицинска служба со полни раце работа

Post Views: 1 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...

Continue reading

logo

Вредна донација за детското одделение во Охрид

Post Views: 5 40.245 евра вредна медицинска опрема ќе биде донирана на Детското одделение при охридската Општа болница од страна на Ротари клубот од Охрид. Станува збор за донација реализирана со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и неколку ротари клубови од Италија, Шведска и Србија. Според најавите, на официјалната церемонија за примопредавање на опремата која денес ќе се одржи, ќе присуствуваат Ружди Муфти, претседател на Ротари клубот од Охрид и Леонардо де Анџелис, претседател на Ротари фондацијата во дистриктот 2072.Набавената нова опрема е од врвни странски...

Continue reading

spasiteli

Точков: Спасителите сезонава одговорија на задачата

Post Views: 0 Летнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот. „Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа година...

Continue reading

ljubanista

Итна медицинска помош од денес во Љубаништа

Post Views: 8 Започна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа. „Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“. Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули. Дабески...

Continue reading

spasiteli

На Охрид му требаат глисер или хеликоптер за брзи интервенции при несреќи

Post Views: 2 Параглајдерист во несреќа  загина кај Љубаништа, вчера. Навреме интревенирале и спасителиете на вода и медицинската помош, но немало спас за серизоните повреди со кои се здобил параглјадеристот, информира Сашо Точков претседател на ЦК Охрид.  Точков вели дека нема виновници за вчерашниот трагичен настан и ги отфрла  шпекулациите кои вчера се појавиле во медиумите за доцнење на итната медицинска помош. Возилото пристигнало на време со  оглед на условите на патот и оддалеченоста на Љубаништа од градот. Сепак оваа несреќа отвори дилеми дали градот има соодветна опрема за...

Continue reading

logo

Ротари клубот од Охрид ќе го доопремува детското одделение во Општа Болница Охрид

Post Views: 3 На 03 мај во Хотел Гранит со почеток во 20,30 часот ќе се одржи годишната донаторска вечера на Ротари клуб Охрид. Собраните средства ќе одат директно во фондот кој е наменет за проектот Набавка на медицинска опрема за детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид. Проектот како “Global Grant” на Rotary International се реализира во соработка со група на клубови од Шведска,Италија и Србија наречена “Multi club workshop” и секако Ротари фондацијата  на  Rotary International. Ротари клуб Охрид заедно со  меѓународните партнер клубови донираат околу 20 000 долари, на тој...

Continue reading

donacija

50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“

Post Views: 4 Педесетина кревети и придружна постелнина, медицинска опрема во гази, вати, потоа наткасни, масички за јадење за пациентите, сталаци за инфузии. Оваа медициска опрема е дел од донацијата која ја доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Според директорот на оваа медицинска установа, д-р Митко Тилевски, донираните кревети во голема мера ќе помогнат во подобрување на условите во кои престојуваат пациентите во „Свети Еразмо“. Оваа голема донација е обезбедена од страна на културното друштво „Октиси 2009“ со седиште во Сент Гален од...

Continue reading

Специјализираната болница за нефрологија Струга се поднови со медицинска апаратура

Post Views: 12 Се модернизира Специјзализираната болница за Нефрологија  во Струга.  Набавена е нова медицинска апаратура, нов дигитален рентген апарат и  апарат за молекуларна дијагностика за брзо откривање на вирусни и бактериски заболувања.  Молекуларна дијагностика има само во четири здравствени установи во земјава и е од големо значење за пациентите во Југозаппапдниот регион.  За само еден час ќе се утврдува вирусна инфекција. -„Се работаат сите сите интервенции за пациентите, крвни слики, дијагностика рентген. Ќе го добиеме новиот дигитален  рентген аарат кој го купивме сопствени...

Continue reading

galicica

Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица

Post Views: 8 Акцијата на едниницата за спасување  и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со  еден мртов и тројца спасени албански државјани.  Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид. „ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило  со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“Несреќата се...

Continue reading

brza pomos

Нови возила, кров и простории за охридскиот здрвствен дом

Post Views: 13 Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување.  Новите возила ја  имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како  дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско...

Continue reading

ambulantno vozilo

Помош за охридската итна помош

Post Views: 83 Граѓаните реагираат дека повеќето од возилата се стари и дотраени и дека итно е потребна нивна замена. Ваквата состојба ја потврдуваат  и од охридската итна помош. Информираат дека веќе побарале четири возила од Министерството за здравство. Многу често се слуша звукот на сирената на амбулантните возила низ градов, посебно во овој период од годината кога градот врие од туристи и кога летните горештини си го прават своето. Во ситуација кога моментите живот значат, помошта која пациентот ја добива во амбулантното возило може да биде од пресудно значење. Но каква е состојбата...

Continue reading

fontance

Тропските горештини и во Охрид

Post Views: 1 И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето.  Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување  вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците. „Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top