Ознака: медицинска

Несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош

Post Views: 2 Амбулантните возила на брза помош на охридските улици се соочуваат со игнорантски однос на возачите на моторни возила. Многу честа е појавата возачите да не реагираат и да не дадат предност на возилата иако имаат вклучена сирена, напоменува д-р Ана Неделкоска , раководител на Брза помош. „Возачите ги замолувам , и сега и друг пат сме апелирале да внимаваат на улиците кога ќе ги слушнат сирените и ќе ги видат ротационите светла. Доколку има можност да направат простор да помине брзата помош. Сирена и ротација вклучуваме само во најитни случаи. Одиме и на други повици...

Continue reading

„Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ – Охрид лидер во регионот за воведување модели за медицинска едукација

Post Views: 2 Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид  имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од  еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .Д-р Ланхоф медицинскиот кадар на Кардиолошкиот Завод во Охрид го оцени како исклучително способен , со високо ниво на знаење и вештини во работата. „Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури. ...

Continue reading

brza pomos

Здравствениот дом во Струга се поднови

Post Views: 13 Две возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа. „Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни.  Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат...

Continue reading

struga

Повторно инцидент со струен удар на женска плажа Струга

Post Views: 94 46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа,  при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој. Тој веднаш бил пренесен во Општа болница Струга. Дежурниот доктор Мирко Лекоски, во телефонски разговор за ТелевизијА ТВМ изјави дека пациентот бил примен во состојба на бесознание, без срцева акција и дишење. „Ги презедовме сите мерки за реанимација и за среќа на пациентот а и наша се разбира, успеавме да го реанимираме и вратиме во живот. Воспоставивме нормално дишење и срцева акција и пациентот се наоѓа...

Continue reading

Шпаркасе Банка донираше медицинска опрема

Post Views: 4 Донација вредна околу 400.000 денари доби Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, Охрид од Шпаркасе Банка Македонија. Преку реализација на донации оваа банка активно ги поддржува проектите од областа на здравството. Целта на овие донации е да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата, истакна Зоран Дически, регионален директор на Шпаркасе Банка Македонија. „Денеска Шпаркасе Банка уште еднаш покажа дека е општествено одговорна банка, која се грижи за општествената...

Continue reading

vojnici

Македонските војници на нова мисија во Авганистан

Post Views: 9 Во мисијата во Авганистан што почнува во јули треба да заминат 150 војници, а во Босна АРМ учествува со 11 припадници и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир. Комисијата за одбрана и безбедност ги усвои предлог одлуките за испраќање припадници на АРМ во мировната операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР-АЛТЕА и за учество во мировната операција во Авганистан, во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ. Преку комуникацијата што ја имаме и со амбасадата во Сараево и со соодветните институции на Босна...

Continue reading

donacija

Вредна донација за болница

Post Views: 9 Струшката болница доби донација од Америка. Се работи за медицинска опрема во вредност од околу 500.000 долари, донирана од американска хуманитарна организација. Првиот човек на струшката болница Ментор Ибраими вели дека донацијата е од големо значење за подобрување на квалитетот на услугата кон корисниците. Додава дека истата иако е употребена, добро е сочувана и пософицистирана од онаа со која во моментов располага установата. Грижата за здравјето на граѓаните на општина Струга ја чуствувам и како моја, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој додава дека...

Continue reading

Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош

Post Views: 5   Нестабилното време, температурните разлики, односно покачувањето на температурите над просекот за овој период од годината, има сериозно влијание врз здравјето на луѓето. Тоа го потврдуваат и охридските лекари кои последниве два месеци кажуваат дека имаат полни раце работа. Притисок, срце, главоболка, премаленост се најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните поради разликата во температурите нагласува д-р Горан Симјаноски, раководителот на итната медицинска помош. „Во последниот период бројот на повиците кои што се однесуваат за мозочни инциденти е зголемен за 70...

Continue reading

pregledi

Светскиот ден на здравството одбележан во Струга

Post Views: 1 Бесплатните превентивни прегледи добредојдени за стружани. По повод 7 ми април светскиот ден на здравството, во Струга, пред хотелот „Београд“, и во село Радожда, се вршеа бесплатни прегледи на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта кај населението. Некои од мештаните за прв пат ги правеа овие анализи, други пак, кажаа, дека ваквите акции се за поздравување, бидејќи само вака се одбегнуваат големите турканици во болниците, а на добар дел не им се веруваше дека без книшка, син картон и пари може да се случи и тоа. Кампањата за превентивни  и бесплатнни прегледи...

Continue reading

pp vezba

Пожар во О.У. „Јосип Броз Тито“

Post Views: 8 Пожар во ОУ. „Јосип Броз Тито“. Ове е само успешно реализирана практична показна вежба на Црвениот крст од Струга, во соработка со противпожарната служба, центарот за управување со кризи, ургентната медицинска помош. Соња Стојкоска од Црвениот крст од Струга рече дека неколку денови наназад напорно се подготвувале за реализација на вежбите кои се однесуваат на справување со состојба на земјотрес и пожар.Сирените на пожарните и полициските возила, како и на ургентната медицинска помош навреме стигнаа пред ОУ Јосип Броз Тито. Тие беа во реална готовност да ургираат на...

Continue reading

Променливото време ја наполни Итната медицинска помош во Охрид

Post Views: 1 Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени симптоми...

Continue reading

depresija

Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење

Post Views: 2 До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.  Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие  советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top