Шпаркасе Банка донираше медицинска опрема

Два современи апарати за физикална терапија своето место го пронајдоа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Донација на Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на промовирање на „Sparkasse Life“ платформата. Одговорните од банката велат дека целта е подигање на свеста кај луѓето за водење на здрав живот и создавање на здрави навики.

 |  Николоска Биљана  | 

Донација вредна околу 400.000 денари доби Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, Охрид од Шпаркасе Банка Македонија. Преку реализација на донации оваа банка активно ги поддржува проектите од областа на здравството. Целта на овие донации е да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата, истакна Зоран Дически, регионален директор на Шпаркасе Банка Македонија.

„Денеска Шпаркасе Банка уште еднаш покажа дека е општествено одговорна банка, која се грижи за општествената заедница, за своите граѓани, клиенти, донирајќи два медицински апарати наменети за физикална терапија, чијшто бенефит пред се треба да го видат граѓаните на Охрид и воопшто пациентите на РМ.

Нашата банка во континуитет го поддржува здравиот начин на живот, истакна Елена Богданова, претставник на Шпаркасе Банка Македонија. Додаде дека, еден сегмент од стратегијата за општествена одговорност е и поддршката и развојот на здравствените установи кои претставуваат општествено добро на ниво на целата држава.

„Горди сме што со оваа донација која што изнесува околу 6 илјади евра, можевме да дадеме еден мал допринос, во подобрување на условите во болницата „Св Еразмо

Денеска сведоци сме на реализација на една навистина вредна донација на Шпаркасе Банка, истакна заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Според него, оваа опрема ќе допринесе да се применуваат нови современи методи за дијагностицирање и лекување на пациентите кои имаат потреба од физикален третман.

„Благодарни им сме, верувам дека и понатаму ќе соработуваме, сакам да ги поттикнам и другите компании во Македонија да одлучуваат со својот менаџмент да донираат одредени апарати во здравствените установи на кои им се потребни

Првиот човек на Специјалната болница „Св.Еразмо“ Митко Тилевски, се надоврза на останатите соговорници истакнувајќи дека тие се отворени за соработка со општествено одговорните компании кои сакаат да донираат опрема, со која се подобрува квалитетот на услугите на пациентите кои се лекуваат во болницата

„И покрај тоа што болницата е моментално во градба, како што имате можност да видите 50% од капацитетите се градежно активни, ние сепак успеваме да го реализираме планот кој што ни е зададен од Министерството за здравство. Се надеваме дека и понатака со помош на министерството, побрзо ќе ја доизградиме болницата и ќе придонесиме што побрзо овие услуги ги добијат пациентите од цела Македонија. Овие два апарати се доста современи и се надевам дека многу квалитетно стручно ќе се рехабилитираат пациентите посебно во доменот на физикалната рехабилитација“.

Донацијата беше реализирана со директна уплата Од Шпаркасе банка Македонија на сметката на добавувачот на медицинската опрема УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ од Скопје, кои се приклучија во оваа донација преку обезбедување на соодветни и поволни услови за набавка на потребната опрема и вршење на инсталација на истата.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top