Променливото време ја наполни Итната медицинска помош во Охрид

Променливото време ја наполни охридската служба за итна медицинска помош. Метеоролозите најавуваат долго и жешко лето, со температури кои можат лошо да влијаат на пациентите со хронични заболувања. Лекарите со апел, итната медицинска помош да се повикува само во ургентни состојби кога доаѓа до директно загрозување на животот на пациентот.

 |  Николоска Биљана  | 

Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени симптоми и во кој случај пациентите можат да повикаат на 194.

„Обично тоа се некои неодредени симптоми, варијација на крвен притисок, омалаксаност, чуство на слабост, непријатност, замор, воопштени симптоми. Итната медицинска помош служи само за една работа, ургентни состојби кои директно го загрозуваат животот на пациентот. Такви состојби се бројат на една рака. Често имаме злоупотреба на итната медицинска служба пред се со симулирање и со лажење на симптоми од различни причини на пациентот“– појаснува Симјаноски.

Со цел да се намали влијанието на временските промени врз здравјето на луѓето д-р Симјаноски со апел до граѓаните.

„Прекин на употреба на цигари и алкохол, да се води сметка за начинот на исхрана, пред се редовност на оброците во помали количини, во овој период исфрлање на мрсната и тешка храна, поголема конзумација на зеленчук, овошје, зголемен внес на течности пред се вода, избегнување присуство на сонце од 12 до 17 часот попладне,  умерена физичка активност во утринските и попладневните часови“ – вели д-р Симјаноски.

Д-р Горан Симјаноски ја најави и редовната акција која ја организира Министерството за здравство во соработка со Здравствените домови на РМ. Имено на  19 овој месец од 08 до 11 часот на плоштадот Крушевска Република кај чинарот, медицински тимови ќе извршуваат бесплатни прегледи без оглед дали граѓаните се или не осигуреници. Ќе се мери крвниот притисок, телесна тежина, висина, одредување на маснотии и шеќер во крв, ќе се делат совети за грижа на здравјето, начинот на исхрана, како и превенција од температурните влијанија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top