Ознака: медицинска

Педијатријата како медицинска гранка е на изумирање

Post Views: 4 „Сега почнува дефицитот од педијатри, а ќе се соочуваме со пациенти кои нема да се следени соодветно“, напоменуваат искусните детски лекари од терцијалното здравство. Стравуваат дека на Детската Клиника ќе се испраќаат задоцнето, деца со неоткриени болести, посебно кога станува збор за ретките заболувања, напоменува детскиот нефролог, д-р Нора Абази Емини од Детска Клиника. Педијатрите се многу важни во здравствениот систем  и политиката за оваа специјализација кога требаше да не се кочи и да се размисли пред 10-тина години кога се правеа планови за специјализации....

Continue reading

Ковид 19

Младата медицинска сестра од Кичево не била вакцинирана

Post Views: 1 Оваа вирална објава на Фејсбук пласира лажна информација дека починатата медицинска сестра претходно била вакцинирана со две дози „Фајзер“. Од Минитерството за здравство, од Инфективната клиника во Скопје и од Општата болница во Кичево информираа дека медицинската сестра воопшто не била вакцинирана. Постот намерно ја дезинформира јавноста, создава погрешна слика за ефикасноста на вакцините и ги наведува луѓето да не се вакцинираат. Пост на Фејсбук шири невистини дека младата медицинска сестра од Општата болница во Кичево, која почина на Инфективанта клиника во Скопје...

Continue reading

Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура

Post Views: 4 ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни...

Continue reading

logo

Средба на Медицинската образовна мрежа на Југоисточна Европа

Post Views: 0 Во организација на Државниот универзитет во Тетово и Медицинскиот универзитет од Грац, Австрија, денеска во Попова Шапка, Тетовско, ќе се одржи средба на Медицинската образовна мрежа на Југоисточна Европа. Целта на средбата е да се формира Академска мрежа за натамошен развој на образованието по медицински науки во ЈИЕ. Учесници на средбата ќе бидат ректорите, деканите и професорите на универзитети и школи за јавно здравство од Македонија, Австрија, Хрватска, Турција, Франција, Албанија и Косово.     {loadposition content9}

Continue reading

Ротациони светла и сирени за починатата медицинска сестра и за подигнување на јавната свест за Ковид 19

Post Views: 34 Возила за брза помош на Здравствен дом и Општа болница Охрид, со вклучени сирени и ротациони светла, денеска точно напладне, и’ оддадоа последна почит на прерано  починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на Ковид-19. Возилата во колона тргнувајќи од Здравствен дом до Општа болница и по Булевар Туристичка направија обиколка по охридските улици со цел да влијаат на подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита и спречување на ширењето на вирусот. Од Општа болница Охрид потсетуваат на едноставните поуки за спречување на ширењето на вирусот...

Continue reading

Медицинска сестра од Општа болница Охрид почина од Ковид 19

Post Views: 0 Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на  официјалниот профил на Facebook од ЈЗУ „Општа болница“- Охрид. „Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај...

Continue reading

Нема избор за најхумана медицинска сестра, епитетот им припаѓа на сите кои се борат со Ковид 19

Post Views: 9 12 мај Светскиот ден на медицинските сестри во охридските здравствени установи ќе помине без вообичаените прослави и избор за најхумана медицинска сестра. Во време на пандемија овој епитет им припаѓа на сите медицински сестри кои се борат со Ковид 19, вели Анета Волканоска главна медицинска сестра од охридската Општа болница.Да се биде добра медицинска сестра не е потребно само знаење и едукација туку и љубов кон луѓето и споделување на љубезноста, вели Волканоска. Таа е горда што досега нема заболен медицински кадар во охридските здравствени установи и досега добро...

Continue reading

Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош

Post Views: 8 Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом. „Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде во ред,...

Continue reading

Во итната медицинска помош има зголемен број на повици

Post Views: 1 Колабирање, влошување на хронични заболувања и сообраќајни несреќи се најчестите причини, деновиве, граѓаните да го повикаат 194 бројот на итната медицинска помош. Во овие летни горештини екипите за брза медицинска интервенција имаат зголемена фрекфенција на работа, информира д-р Љупка Николовска, раководител на Итната медицинска служба. Во континуитет, во летните месеци се чувствува недостаток од персонал во службата, но екипите максимално се организираат да одговорат на работата, кажува д-р Николовска. „ Градот ни се дуплира и триплира за овој период, ние сме туристички...

Continue reading

Oхридскиот здравствен дом набави медицинска опрема

Post Views: 5 Здравствен дом набави нова медицинска опрема. Со сопствени средства за итната стоматолошка служба купен е нов стоматолошки стол, а за потребите на другите служби кои се дел од здравствен дом се набавени дефибрилатори, спирометар, аспиратори, Екг апарати. Покрај оваа опрема во тек е набавка и на санитарни возила. Возниот парк на Итната медицинска помош ќе се поднови со уште две санитетски возила со целосна опрема за транспорт на итни случаи.Едното ќе се набави со сопствени средства , а другот со пари од Ипард програмата. За потребите на патронажната служба ќе се набави...

Continue reading

Релативно мирна празнична вечер на одделението за итна медицинска помош во Охрид

Post Views: 26 Од одделението за итна медицинска помош велат дека изминатата празнична ноќ поминала невообичаено мирно. ОСвен неколку пијани лица и повредените во тепачката, други посериозни интервенции немале. Др. Ана Неделкоска, началник на одделението, вели дека според нивното искуство, најмногу интервенции се очечкува да имаат вечерва. „Претходната ноќ беше релативно мирна, имавме хронични пациенти, неколку пијани лица, една тепачка, воглавно беше мирна вечер. Се надевам дека и наредните денови ќе бидат мирни како таа“.Обично втората вечер имаме најмногу работа, претходниве години,...

Continue reading

МЕДИКА ИНФО

Post Views: 4 „Можеби здравјето не е се`  но без здравје се` е ништо !“ Медика инфо емисија целосно посветена на здравјето. Во сите области од животот па така и кога е здравјето во прашање, човекот при соочување со некоја состојба тргнува од прашањата: Зошто? Како? Кој? Каде?. Во Медика инфо, гостуваат доктори од сите области на медицината кои на овие важни прашања се обидуваат да дадат најдобри можни одговори што се однесуваат на вашето и здравјето на вашите најблиски.   Медика инфо не е медицинска енцикопедија. Тоа е само стручна и добронамерна помош во прибирање податоци кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top