Тропските горештини и во Охрид

Зголемен и бројот на повиците во одделението за итна медицинска помош во нашиов град. Лекарите со предупредување до сите, да не се изложуваат на сонце во периодот од 11-16 часот.

 |  Голабовски Крсте  | 
fontance
фонтанче

И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето.  Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување  вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците.

Aco Stojanoski„Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден и тоа пред се станува збор за хронично болните лица, а во периодов е доста важно не само за овие лица туку и за сите нас, во периодот од 11-16 часот да избегнуваме да не се изложуваме на сонце, бидејќи дирекното изложување на сонце си има последици“, вели Стојаноски.

Д-р Стојаноски со препорака до хронично болните лица посебно оние со срцево белодробни заболувања, редовно да ја земаат терапијата, да го избегнуваат изложувањето на сонце во претходно кажаниот период и секако да внесуваат многу течности. Многу треба да се внимава на исхраната, таа да биде ослободена од маснотии и да се внесуваат поголеми количества на зеленчук и овошје, советува Стојаноски.

Д-р Стојаноски потенцира дека во овој период од годината зачестени  се и интервенциите по плажите, посебно случаите на сончаници, но и убоди од инскети. Никој не е имун на сончевите зраци. Предупредување и за сите оние кои уживаат во капењето, без разлика на нивната возраст, постепено да влегуваат во езерските води, претходно да се разладуваат и во никој случај на овие горештини да не се конзумира алкохол.

Доктор Стојаноски го поздрави проектот на Министерството за здравство за обука на докторите од Итната медицинска помош,а посебно се радува на најавата за новите вработувања, бидејќи немањето на докторски кадар е моментално најголемиот проблем на ова одделение во Охрид. Првично, обуките ќе се фокусираат на новите 80 лекари, кои ќе бидат вработени во службите за итна медицнска помош во здравствените домови низ Републиката и се засноваат на веќе изготвени протоколи , чија цел е да обезбедат ефикасна, адекватна и брза здравствена грижа за пациенти кои се наоѓаат во животно загрозувачки состојби. За среќа или за инает ние сме сепак едни од посреќните во земјава, си го имаме езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top