Специјализираната болница за нефрологија Струга се поднови со медицинска апаратура

Се модернизира Специјалната болница за нефрологија Струга. Болницата е опремена со нов дигитален рентген апарат и апарат за молекуларна дијагностика за брзо дијагностицирање на вирусни и бактериски заболувања. Годинава  болницата  ќе започне  со правење на бубрежни биопсии.   Единствениот предизвик  им е   воведување трансплантација.

 |  Соња Рилковска  | 

Се модернизира Специјзализираната болница за Нефрологија  во Струга.  Набавена е нова медицинска апаратура, нов дигитален рентген апарат и  апарат за молекуларна дијагностика за брзо откривање на вирусни и бактериски заболувања.  
Молекуларна дијагностика има само во четири здравствени установи во земјава и е од големо значење за пациентите во Југозаппапдниот регион.  За само еден час ќе се утврдува вирусна инфекција.

-„Се работаат сите сите интервенции за пациентите, крвни слики, дијагностика рентген. Ќе го добиеме новиот дигитален  рентген аарат кој го купивме сопствени средства мислам дека ќе помогне во дијагностиката во квалитетот на рентгенските снимки  “, информира  д-р Александар Попоски субспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

Годинава  болницата  ќе започне  со правење на бубрежни биопсии.   Единствениот предизвик  им е   воведување   трансплантација на бубрези.

-„Имаме две операциони сали, одделение за урологија, имаме крвни пистапи. Сметам дека транспплантацијата технички не би требало да е голем проблем, можеби следењето е проблем, меѓутоа  имаме колеги со големо искуство тоа треба да го направиме натаму со дополнителна едукација“, дoдава Попоски.

Корона вирусот ги погоди и  пациентите со бубрежни заболувања. До јануари годинава 84 пациенти на хемодијализа   од регионот заболеа од корона вирусот, моментално состојбата е стабилна  хосппитализирани се  само два позитивни пациенти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top