Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица

Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица.

 |  Валентина Неловска  | 
galicica
galicica

Акцијата на едниницата за спасување  и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со  еден мртов и тројца спасени албански државјани.  Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид.

„ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило  со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“
galicica
Несреќата се случила на 2000 метри надморска висина на Магаро, највисокиот врв на Галичица. Заради непристапниот терен каде што се движеле и ги затекнала несреќата на четворицата албански државјани била вклучена единицата за спасување и извлекување од страна на ОО Црвен крст, кажува Точков.

„ Веднаш беше интервенирано, трите лица  се безбедно спуштени на патот во близина на црквата Св. Ѓорѓија на Галичица, а едното лице со транспорт во вакум душек е предадено на итната медицинска помош која ќе го транспортира понатака.“

Настраданото лице е на возраст од 40- тина години, а останатите лица се стари околу 25 години.
Во акцијата на спасување учествувале и итна медицинска помош, противпожарната единица, полициски екипи и  Центарот за управување со кризи. Истрагата за несреќата на aлбанскиот државјанин е во тек.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top