Ознака: македонска

Adora

Адора Инженеринг со вредни награди за купувачите на стан

Post Views: 6 Под слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво. Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, а најпосетен беше штандот на Адора Инженеринг. Сите купувачи на стан на саемот со останатите купувачи во текот на годинава, влегуваат во наградната игра за добивање на најнов модел автомобил ПОЛО,...

Continue reading

odbojka

Во лов на баражот

Post Views: 1 Походот кон освојување на второто место во групата Ф, кое носи пласман во баражот за Европското првенство во Австрија и во Чешка, македонската одбојкарска репрезентација го почнува вечерва со Шведска (20 ч., директен пренос на А2). Покрај Шведска и „црвено-жолтите“, во групата се наоѓаат уште и селекциите на Португалија (утре 17.30 ч., пренос на А1) и фаворитот Холандија (недела 20 ч., пренос на А2). Императивот на репрезентативците е да се издвојуваат две победи, над Шведска и над Португалија, додека дуелот со Холандија се очекува да биде спектакл за навивачите, а потајните...

Continue reading

LAR Struga

Македонска и грчка младина заедно против бариерите

Post Views: 6 Уметност, индустрија, претприемништво, стопанство. Еве неколку поими кои имаат заедничко значење за Македонија и Грција. Но не на државно туку на општинско ниво. Младите од двете земји преку проектот „Контакти за заедничка иднина“ ќе ги рушат бариерите кои меѓу нас ги поставува политиката. Како дел од овој проект се одржале неколку подготвителни семинари во четири македонски и четири грчки градови во кои се споделиле искуства од најразлични области. А ова е заклучокот на претставниците од Грција. „Луѓето се многу отворени за соработка. Овој ѕид кој понекогаш го создаваат...

Continue reading

rakomet

Македонија во вториот шешир за ЕП во Србија 2012 година

Post Views: 1 Машката ракометна селекција на Македонија денеска (ждрепката почнува во 11 часот во Белград) ќе ги дознае ривалите за квалификациите за Европското првенство што 2012 година ќе се одржи во Србија. Македонската репрезентација се наоѓа во вториот шешир заедно се селекциите на Шпанија, Исланд, Чешка, Словенија, Русија и Словачка. Евентуални ривали од првиот шешир се: Хрватска, Данска, Полска, Германија, Норвешка, Шведска и Унгарија. Трет шешир: Австрија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Романија и Босна и Херцеговина. Четврти шешир: Швајцарија, Грција, Литванија и трите првопласирани...

Continue reading

Концесионерот на езерото бара забрана за лов на Охридската пастрмка од македонска и албанска страна

Post Views: 7 10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој заедно со...

Continue reading

nurkaci

Откриена нова тајна на езерото Матка

Post Views: 0 Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква. Остатоците од тврдата градба се наоѓаат на околу 1.500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска. – Во пределот кој при нашата прва експедиција го маркиравме кон почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде...

Continue reading

logo

Журка: Oсум часа македонска музика

Post Views: 1 Собранието го донесе законот за авторски и сродни права, со кој е утврдено дека сите телевизии ќе мора да пуштаат осум часа неделно македонска музика. Со измените, Владата на Република Македонија ќе ја носи предлог тарифата по која ќе се наплаќа за авторските права, но притоа ќе се има предвидид и фондот за снимање нова македонска музика заради обврската да се пушта македонска музика. – Системот за електронско евидентирање на авторските дела ќе овозможи правилно наплаќање на авторските права. Доколку тој не се инсталира во радиотелевизиските организации предвидена...

Continue reading

rudari

Трагедија во рудникот САСА

Post Views: 11 Трагедија во рудникот за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица. Според првичните информации што ги добивме од полицијата, утрово во една од рудничките јами починал 27 годишниот Даниел В. родум од виничко. Неофицијално, во критичниот момент Даниел возел локомотива. Во еден момент од спротивниот правец наишла друга локомотива која го удрила рударот во градниот кош и го усмртила на лице место. Увидот што во моментов се врши на местото на трагедијата ќе даде официјална информација за причините за трагедијата. По неговото завршување, надлежните истражни органи најавија...

Continue reading

logo

Прва македонско-канадска лидерска конференција

Post Views: 1 Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  ќе биде домаќин на првата годишна Македонско-канадска лидерска конференција (MКЛК 2013), што ќе се одржи на 27 овој месец во македонската православна катедрала „Св. Климент Охдридски“ во Торонто. Конференцијата, како што соопштуваат од ОМД, ќе обедини на едно место македонско-канадски лидери на разни македонски културни, бизнис, јазични и верски организации од цела Канада на едно место. Најавено е и учество на македонскиот амбасадор во Канада, Љубен Тевдовски, како и пратеникот за Северна Америка Павле Саздов кои ќе зборуваат...

Continue reading

reprezentacija

Македонија – Португалија 1:1

Post Views: 2 Селекцијата на Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вчера во Прилеп одигра нерешено 1:1 со соодветната селекција на Португалија во натпревар од групата 9 во квалификациите за Европското првенство. Македонија поведе во 69-тата минута со голот на Муарем Муарем, а израмни Адриан Силва на една минута до истекот на регуларниот дел на натпреварот. Португалците израмнувачкиот гол го постигнаа со играч повеќе откако во 78-та минута беше исклучен Алију поради втор жолт картон.Ова е втор освоен бод во петтиот натпревар за нашиот национален состав.Од 18 часот започна...

Continue reading

maika

Шпански темперамент и македонска музикалност во едно

Post Views: 0 Од Мајорка, преку Барселона, до Охрид и Буково. Вака некако изгледа животната траекторија, на познатата шпанска музичарка со македонско потекло Маика Маковски. Таа деновиве беше во посета на нашата земја, и нејзините роднини во Охрид. Во Македонија, освен желбата да се види семејството ја донесе и работата. На неколку локации низ земјава, таа заедно со нејзиниот бенд снима видеа за нејзиниот најнов албум кој наскоро треба да доживее промоција. „Бевме во Скопје, во Маврово, сега во Охрид, Битола и Буково, тоа е малото село од каде потекнува татко ми, па потоа повторно...

Continue reading

svetci

Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј прогласени за свети

Post Views: 42 Во рамки на одбележувањето 45 години македонска црковна автокефалност, денеска, Македонската православна црква ги прогласи за свети тројцата свештеномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј кои пострадале за верата Христова во 1558 година. Светата архијерејска литургија се одржа во манастирскиот компкекс „Св. Богородица Пречиста“ кај Кичево. На Малиот вход првпат беше изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици со која архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги благослови присутните верници. Тој ги освети и темелите на новиот манастирски конак со параклис...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top