Ознака: македонска

ftu

На ФТУ „Германско-македонска тренинг програма и мрежа – Одржлив туризам“

Post Views: 3 Универзитет за одржлив развој Еберсвалде од денеска до 20 јануари е во посета на својот партнер Факултетот за туризам и угостителство Охрид.  Тема на средбите ќе биде  „Германско-македонската тренинг програма и мрежа ‚Одржлив туризам‘ за професори, претставници од мали и средни претпријатија од туристичкиот сектор и други промотери“. Целта на посетата претставниците на Еберсвалде на ФТУ е заедничкиот проект, германско- македонска тренинг програма за професори на македонскиот факултет и за други промотери од државни институции и од приватниот туристички сектор во Македонија....

Continue reading

zname

Македонија слави 20 години независна и самостојна држава

Post Views: 2 Честит празник! Нацијата слави 20 години независна и самостојна македонска држава. Денешниот историски јубилеј ќе биде прославен со низа свечености и со богата програма. Прославата ќе започне во 18 часот со предавањето на Декларацијата за независност од 1991 година на македонските гардисти од страна на претседателот на собранието Трајко Вељановски, по што ќе следува свеченото дефиле во кое ќе учествуваат припадниците на македонската армија и полиција, но и ученици од средните училишта, до внесувањето на декларацијата во новиот Музеј на македонската борба. Иако централната...

Continue reading

Mirno leto

50 години „Мирно лето“

Post Views: 0 Вечерва во центарот на култура Григор Прличев ќе се одржи проекција на филмот „Мирно лето“во режија на Димитрие  Османли.  Со вечерашното прикажување на филмот ќе се одбележи 50 годишнината од снимањето на единствената македонска комедија од која целото дејствие се одвива во Охрид. Во вечерашната проекција повоздрасната публика ќе се потсети како некогаш изгледале хотелот Палас, Чинарот, Канео, Св. Климент, поточно ќе се присети што е тоа Македонското филмско наследство. Вечерва на проекција на филмот ќе присуствува и дел од актерската екипа, Љупка Џундева и Мери Бошкова,...

Continue reading

nagradena slika

Молитва за радоста

Post Views: 0 Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз. Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”. Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот...

Continue reading

ribolov

Се бара најдобар начин како да се спаси рибниот фонд

Post Views: 6 Охридската  пастрмка продолжува нелегално да се лови,  ја има во рестораните од двете страни на езерото, и на албанска и на македонска страна. Ендемичниот вид и понатака е ставен на немилосрдно ловење и истребување. И по 6 години од донесената  забрана за нејзиното ловење нема подобрување во заштитата на рибниот фонд. Спортските риболовци алармираат дека ситуацијата со рибниот фонд е критична. Радован Димитриески прет. СРД Св Апостол Павле посочува  дека и покрај забраната  езерската полиција оваа година запленила само 1600 м мрежа и поднела 5 кривични пријави. Албанскиот...

Continue reading

SVR

Илегален влез за незаконски лов

Post Views: 5 Утрово во 6 часот и 30 минути се случи вооружена престрелка, во близина на граничниот премин Св. Наум во Охрид, на македонска територија. Оваа информација ја потврдија и од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски според првичните информации кои ги имале, кажа дека пукотниците настанале кога македонската полиција при патролирање пресретнала 10 члена група албански државјани. Тој додаде дека имале сознанија за делувањето на илегални групи на територијата на НП „Галичица“ од македонска страна, кои незаконски ловеле дивеч. Димоски потенцира дека утрово биле поставени неколку...

Continue reading

lekovi

Македонската стоматологија напредува во светот

Post Views: 0 Околу 300 стоматолози од Македонија и регионов учествуваат на 5 тиот по ред конгрес кој деновиве се одржува во Охрид. Годинава за прв пат одржувањето на конгресот се совпаѓа со светскиот ден на оралното здравје 12 септември. За прв пат во Македонија, матични клетки од млечни заби. Македонската стоматолгија според прогресот кој го доживеа,  може да се каже дека е модерна медицинска гранка. Тоа е и заклучокот од досегашниот тек на дискусиите, кои се водат во рамките на петтиот по ред конгрес на стоматолозите во Охрид. Пораката на конгресот е, стоматолозите, граѓаните и...

Continue reading

logo

Словенско – македонски ден на Охридско лето

Post Views: 1 Овој ден е посветен на големиот ликовен творец Марко Бутина од Словенија, кој лани починал во Охрид. Бутина важел за пионер на компјутерската графика во Словенија. Преку неговата изложба на фестивалот Охридско лето продолжува соработката на културно ниво помеѓу овие две земји. Врвните уметнички имиња не се забораваат. Годинава во рамките на Охридско лето, Словенија ќе биде претставена со уметничките слики на Марко Бутина кој веќе не е меѓу нас. Како претставник на уметничките дела на Бутина се јавува неговата сопруга Милјана. Со оваа изложба таа го продолжува веќе започнатиот ...

Continue reading

Borjan Canev

Македонската филхармонија традиционално на „Охридско лето“

Post Views: 3 Претставување на Македонската филхармонија,во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Со оркестарот ќе настапат пијанистите Серџо Тјемпо и Ратимир Мартиновиќ, а ќе диригира Маестро Борјан Цанев. „Посебно место на фестивалот имаат нашите групи и оркестри, вели Гордана Јосифовска“, музичкиот селектор на „Охридско лето“. Серџо Тјемпо во текот на својата кариера има соработувано со голем број пијанисти и професори,а  активен е и како камерен музичар.„ Големо задоволство ми претставува настапот со Македонската филхармонија, токму на овој концерт чија тематика го слави животот“,...

Continue reading

logo

Македонската полиција во ИПА

Post Views: 34 СВР Охрид, денеска официјално ја вклучи Македонија во членството на Интернационалната полициска асоцијација.  Претставниците на ИПА, од Охрид ја пренесоа главната цел на најголемото меѓународно здружение : пријателството помеѓу полицијата во светот резултира со подобра работа и постигнати резултати. Ќе се формира ИПА клуб и во Македонија. СВР Охрид од денеска се приклучува во големото меѓународно полициско здружение Интернационалната полициска асоцијација, заедно со СВР Битола. ИПА претставува независно здружение кое што не е поврзано со ниту една институција или било...

Continue reading

logo

Десетта годишна конференција на Македонска берза

Post Views: 7 „Новите мерки со кои Владата ќе ја спасува домашната економија од глобалната криза се за поздравување“, смета Директорот на Македонска берза, Иван Штериев. „Како тие ќе се одразат врз берзанското работење и движењето на цените на хартиите од вредност останува да видиме во периодот кој следува“ . Очекувани и добредојдени- вака ги коментира Владините мерки Доцент Горан Петревски, од Економскиот факултет во Скопје. „ сите очекувавме по завршувањето на изборите Владата да го направи овој, според неа, неизбежен чекор“, вели Петревски. Глобалната економска криза и владините...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top