Адора Инженеринг со вредни награди за купувачите на стан

Под слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво.

 |   | 
Adora
Adora

AdoraПод слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво. Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, а најпосетен беше штандот на Адора Инженеринг. Сите купувачи на стан на саемот со останатите купувачи во текот на годинава, влегуваат во наградната игра за добивање на најнов модел автомобил ПОЛО, а традиционално купувачите на стан на саемот, со Адора ќе патуваат во Дубаи.

Adora„Градежништвото минатата година забележа пораст од 33 %, што е потврда дека овој сектор имаше извонредно значајна улога во растот на македонската економија, што меѓу другото се должи и на поттикнувањето со многу мерки и   активности од приватниот сектор и владата на Република Македонија во насока на поддршка на градежната активност и на инвестициите во овој сектор.“ – порача вицепремиерот Ставрески, кој на отворањето на Саемот на недвижности најпрво го посети штандот на Адора Инженеринг, каде во разговор со менаџментот, се интересираше зошто елитните станбени објекти на овој градежен супербренд се препознатливи како 100 % македонска квалитетна градба, за тестирањата на нивната сеизмичка стабилност со „вештачки земјотрес“, како и за учеството на компанијата во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.

Adora„Адора Инженеринг е вклопена од почетокот во проектот „Купи куќа, купи стан“, а  сега и со двата најнови објекти кои со 110 елитни енергетски ефикасни станови се градат во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје на локации купени од државата на транспарентна лицитација. Компанијата е типичен пример која сите поволни системски мерки на владата ги користи за успешно да работи, за што илустрација е фактот што сите станови изградени во една година, ние ги продаваме. Во текот на 2013-та Адора Инженеринг продаде 274 станови, а во првите месеци од 2014-та, се продадени повеќе од 25 станови месечно. Слоганот 100 % македонска квалитетна градба значи дека во градежната оператива во текот на целата година  работат повеќе од 400 до 500 работници од Македонија и најголемиот процент од градежните материјали и деловните партнери се од македонско потекло.“ – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир на Адора Инженеринг кој подвлече дека високата сеизмичка стабилност на објектите, потврдена со два „вештачки земјотреси“, се должи на вградувањето на 40 до 50 % повеќе железо и поцврст бетон од проектираното, со што се потврдува довербата кај купувачите и е гаранција за нивна безбедност и мирен сон, во прилог на новите измени на Законот за градење.

За купувачите и посетителите на REALEXPO 2014, Адора Инженеринг има богат промотивен материјал за понудата на станови и деловни објекти, низа поволности, вредни изненадувања и интересни подароци. Саемот на недвижности на кој се претставуваат  300 компании од Македонија и Европ, со понуда од 3.000 станови, е оворен секој ден од 10 до 19 часот, до сабота-8 март, кога е затворањето  на саемот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top