Во лов на баражот

Походот кон освојување на второто место во групата Ф, кое носи пласман во баражот за Европското првенство во Австрија и во Чешка, македонската одбојкарска репрезентација го почнува вечерва со Шведска (20 ч., директен пренос на А2).

 |  Маја Савиќ  | 
odbojka
Одбојка

Makedonska odbojkarska reprezentacijaПоходот кон освојување на второто место во групата Ф, кое носи пласман во баражот за Европското првенство во Австрија и во Чешка, македонската одбојкарска репрезентација го почнува вечерва со Шведска (20 ч., директен пренос на А2). Покрај Шведска и „црвено-жолтите“, во групата се наоѓаат уште и селекциите на Португалија (утре 17.30 ч., пренос на А1) и фаворитот Холандија (недела 20 ч., пренос на А2). Императивот на репрезентативците е да се издвојуваат две победи, над Шведска и над Португалија, додека дуелот со Холандија се очекува да биде спектакл за навивачите, а потајните надежи се победнички. Токму зборот победнички е најдобриот збор што ја отсликува атмосферата кај репрезентативците кои се надеваат дека со двете победи на турнирот, кој ќе се игра во салата „Борис Трајковски“, ќе се направи голем чекор кон освојување на второто место, кое води во баражот за ЕП, каде што можни противници се селекциите од групата Д, Хрватска, Естонија и Црна Гора. – Условите што ги имаме уште од стартот на подготовките од 19 април се можеби досега најдобри и затоа императивот е да се дојде до две победи. Атмосферата која владее во репрезентацијата е победничка и се надевам дека со помош на навивачите ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел – вели Атанас Милев, еден од најискусните репрезентативци. Првиот противник на одбојкарите е стариот „муштерија“ Шведска, која во последните четири пресметки секогаш теренот го напуштала поразена. И затоа вистинската борба за освојување на второто место ќе биде со Португалија, која последните неколку години бележи одлични резултати, од кои најголем е третото место во Европската лига. – Иако во последно време ја победуваме Шведска, не смееме да мислиме дека уште отсега работата е завршена. Но, победата над нив ќе претставува создавање на една убава позитивна атмосфера пред клучниот меч. Токму вториот дуел со Португалија, која е составена од искусни одбојкари, ќе биде одлучувачки, но со помош на публиката се надевам дека ќе победиме. За Холандија не треба да се трошат зборови, но со нив од меч во меч сме се подобри и ќе се обидеме да им приредиме вистинско уживање на навивачите – вели Пеица. Вториот квалификациски турнир, по кој ќе биде познат директниот учесник на ЕП и второпласираниот, кој ќе игра во баражот, ќе се одигра идниот викенд во Ротердам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top