Ознака: македонска

ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 0 Деновиве започнаа да се изведуваат подготвителни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс”. Во моментов се работи на преместување на дистрибутивната нисконапонска мрежа за пренос електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски столбови. Проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 13 милиони денари.

Continue reading

Во Охрид промовирана платформа „Македонска независна листа“

Post Views: 3 „Нам ни треба Македонија, на Македонија сме и потребни ние!“ – под ова мото на претстојните парламентарни избори со независни листи ќе настапат поединци, организации и граѓански здруженија обединети под името “МАКЕДОНСКА НЕЗАВИСНА ЛИСТА”. Движењето Бојкотирам, Мир, Беломорска Партија и Егејските Здруженија, Фаланга за Вечна Македонија, Кординативното тело на Македонците во Европа, македонското иселеништво преку Кординативното тело на Македонците во Светот, црковни Општини во дијаспората, преку 120 други независни граѓански здруженија, стотици компании и земјоделски...

Continue reading

Протест на вработените во Македонска пошта

Post Views: 4 Вработени во А.Д. Македонска пошта во сите подружници во државата денеска излегоа на протест. И вработени во охридската подружница го изразија својот револт од актуелните состојби во компанијата. Велат дека Македонска пошта подолг период е во сериозна финансиска криза што се рефлектира врз условите за работа и технолошкиот процес, но сега го достигнала својот врв што резултирало и со доцнење во исплатата на плати. Тоа значи немање основни средства за работа како во делот на платниот промет така и во делот на доставата на пратки што во крајна линија се имплицира врз...

Continue reading

lideri

Има ли излез од ќорсокакот наречен македонска политичка криза?

Post Views: 1 Партиите и претставниците на ЕУ се оптимисти дека преговорите ќе продолжат и дека може да се најде решение за неколкуте прашања за кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат различни ставови. Неизвесно е кога ќе продолжат разговорите на работните групи за прашањата поврзани со одржувањето на изборите следната година. Откако олеснувачот Питер Ванхауте во средата разочарано констатираше дека нема напредок во преговорите, сега партиите се на потег и тие треба да дадат сигнал дека се подготвени да се вратат на преговарачка маса, но таков сигнал засега нема. Ванхауте досега имал само билатерални...

Continue reading

Денес во Охрид ќе се одржи 20-та годишна конференција на Македонска Берза

Post Views: 1 Според најавите на организаторите, пред присутните, во хотелот „Метропол“ ќе се обрати премиерот Зоран Заев, Нора Алити, претседател на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонската берза. Покрај другите, но рамките на конференцијата ќе се одржи и специјална презентација на тема „Геополитика на Западен Балкан – што да очекуваат инвеститорите?“ на Florian Bieber, директор на Centre for Southeast European Studies at the University of Graz, Austria.

Continue reading

baskerfest

Деветтото издание на „Баскерфест“ ќе заврши во Охрид

Post Views: 6 Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина. Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола. Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14. јуни,...

Continue reading

АСФАЛТИРАНИ ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „МОМЧИЛО ЈОРДАНОСКИ“ И „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 7 Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. На „Момчило Јорданоски“ се асфалтира делот од кружниот тек до пресекот со улицата „Прва македонска ударна бригада“ во должина од 230 метри и ширина од 5,70 метри, а делот кој се асфалтира на „Прва македонска ударна бригада“ е во должина од 840 метри во насока кон манастирот „Св. Атанасиј“, а ширината изнесува 4,50 метри. Активностите за асфалтирање се реализираат согласно годишниот план за асфалтирање на општина Охрид, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Локалната самоуп...

Continue reading

zmaevi

Македонска екипа за прв пат ќе учествува на светски шампионат во змајарство

Post Views: 12 Македонска екипа од 15 до 30 јули ќе учествува на Светскиот натпревар во змајарство во Италија.  Државниот тим ќе го претставува македонската воздухопловна федерација и клубот за слободно летање од Охрид, а ќе се натпреварува со змаеви во класа 1. Овие летала иако во главно се мешаат со параглајдери, истите сепак драстично се разликуваат во конструкција, перформанси и начинот на летање. Единствена заедничка точка на змејовите и параглајдерите се воздухот и местата за летање. „Опремата со која одиме е наша лично, а се состои од крило и систем на врски. Сето ова ќе го...

Continue reading

podmladok

90 години од првата фудбалска топка во Охрид

Post Views: 8 „Средбата на генерациите“ на охридскиот фудбал која се одржа денес, не врати со години наназад до самите почетоци на фудбалската игра во нашиот град. Најзначајните фудбалери од Охрид низ годините од генерациите `48ма, `54та, па се до денес како и екипи и гости, на денешната свечена седница одбележаа еден значаен датум за охридскиот фудбал. „Денешнава седница е одржана по повод 90 години од првата фудбалска топка во Охрид и првиот фудбалски клуб формиран во 1921 година. Се смета дека првата топка била донесена од француските војници кои враќајќи се од Солунскиот фронт...

Continue reading

Atina Bojadzi

Почина Атина Бојаџи

Post Views: 6 Доцна синоќа во Скопје, на 66 години, почина македонската пливачка и воопшто спортска легенда, Атина Бојаџи. Целиот живот го посвети на пливањето и во 1962 година со победите на маратоните во Охридското Езеро и на патеката Капри-Наполи стана двократен светски првак и на слатки и на солени води. Атина Бојаџи е првата Македонка која го преплива каналот Ламанш во 1969 година, потоа мотивирајќи и други наши спортисти да го направат истото низ годините. Воедно, Бојаџи останува запишана и во светската пливачка историја како првата жена на која ѝ успеал овој подвиг. Во 1998...

Continue reading

Со историски час одбележани 74 години од одржувањето на Второто засадение на АВНОЈ. Историчарот Проф Наце Иваноски говореше за значењето на АВНОЈ во создавањето на првата слободна македонска држава.

Post Views: 1 Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со историски час ги одбележаа 74 -те години од одржувањето на второто заседение на Авној на 29 и 30 ноември 1943 година. Присутните ги поздрави Гоце Георгиески претседател на општинскиот сојуз на борци од Охрид и Дебрца и му даде збор на проф. Наце Иваноски. И0сторичарот говореше за улогата и значењето на Авној пред голем број присутни воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, НВО и ученици. Иваноски...

Continue reading

ginisovci

Преку сизифовски маки до Гинис

Post Views: 11 Александар Чекоров и Александар Смилков се најновата македонска гордост, кои успеаа да срушат уште еден “Гинисов рекорд”.Им беа потребни помалку од 24 часа, за да го соборат рекордот во туркање автомобил – период во кој успеаа да поминат 95 километри и 120 метри. Во кругови, Чекоров и Смилков во Спортскиот центар “Форца”, направија точно 1039 круга, на специјално дизајнирана патека за оваа намена. Претходниот рекорд во оваа категорија изнесуваше 82,4 километри, а неговото надминување за повеќе од десет километри, не остава да веруваме дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top