Преку сизифовски маки до Гинис

Александар Чекоров и Александар Смилков се најновата македонска гордост, кои успеаа да срушат уште еден “Гинисов рекорд”.

ginisovci
гинисовци

Александар Чекоров и Александар Смилков се најновата македонска гордост, кои успеаа да срушат уште еден “Гинисов рекорд”.
Им беа потребни помалку од 24 часа, за да го соборат рекордот во туркање автомобил – период во кој успеаа да поминат 95 километри и 120 метри. Во кругови, Чекоров и Смилков во Спортскиот центар “Форца”, направија точно 1039 круга, на специјално дизајнирана патека за оваа намена.

ginisovciПретходниот рекорд во оваа категорија изнесуваше 82,4 километри, а неговото надминување за повеќе од десет километри, не остава да веруваме дека овој рекорд, уште долги години ќе биде во сопственост на двајцата Македонци.
Подвигот за рушење на овој невообичаен “Гинисовиот рекорд” започна вчера изутрина во 08:00 часот, а со поддршката од најблиските, но и поддржувачи кои дојдоа да ги бодрат двајцата натпреварувачи, Александар Чекоров и Александар Смилков успеаа во својата намера и покажаа фантастична физичка подготвеност. Факт кој не изненадува, познавајќи ги Чекоров (прв Македонец кој истрчал 100 километри, допственик на рекорд на ултрамаратонски трки (558 и 890 километри) и Смилков (маратонец), како активни и истакнати македонски спортисти.

Комплетниот подвиг беше документиран според стандардите кои се пропишани за обид за рушење на “Гинисов рекорд”, а во следните недели се очекува и официјална информација и потврда за ратификување на новиот рекорд – сопственост на Чекоров и Смилков, притоа на цела Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top