Во Охрид промовирана платформа „Македонска независна листа“

Листата е составена од доследни Македонци, поединци и организации како „Движење Бојкотирам“, „мир“, Ера Трета“ и други. Ќе биде извршена и презентација на акциониот план „Ера Трета“, идеја која ги обединува сите граѓани од земјата и странство, за стабилна, преспективна Македонија, респектирана во регионот и Европа, информираат организаторите.

 |   | 

„Нам ни треба Македонија, на Македонија сме и потребни ние!“ – под ова мото на претстојните парламентарни избори со независни листи ќе настапат поединци, организации и граѓански здруженија обединети под името “МАКЕДОНСКА НЕЗАВИСНА ЛИСТА”.
Движењето Бојкотирам, Мир, Беломорска Партија и Егејските Здруженија, Фаланга за Вечна Македонија, Кординативното тело на Македонците во Европа, македонското иселеништво преку Кординативното тело на Македонците во Светот, црковни Општини во дијаспората, преку 120 други независни граѓански здруженија, стотици компании и земјоделски стопанства и илјадници поединци, стојат зад една идеја, кажа Горан Тасковски на денешната прес конференција.

„Идејата за ресетирање на Република Македонија, враќање на нејзиниот суверинитет, интегритет и дигнитет во рамки на своето постоење, а воедно враќање на угледот кај соседите и светот кој некој со години го рушеше. Како новина на македонската политичка сцена свесни сме на сите потешкотии кои не очекуваат, сега и во иднина, но исто така свесни сме дека борбата за идејата никогаш не била лесна.  Прва и основна задача на сите нас е Република Македонија како стабилна и перспективна целина во сите нејзини општествени сегменити, пред се Македонските Национални Интереси, социјала, економија, образование, здравство преку реални проекти и решенија. “ – кажа Горан Тасковски.

Нудат концепт „Ера трета“ односно акционен план кој ги промовира македонските национални и економски интереси.
Во делот на национални интереси ќе се залагаат за враќање на името, знамето, носење на грб , раскинување на Преспанскиот договор, враќање на уставот од 1991 год. и негово референдумско дополнување. На прашањето Дали сметаат дека местото на Македонија и е во ЕУ нивниот одговор е “ Во ваква Европска унија и под вакви услови, не.“

Концептот Ера трета е базиран  на програми и идеи собрани од  организации и поединци досега отфрлени од партиските системи затоа што биле промакедонски, проширени со дополнителни решенија засновани врз иновации за раст и излегување од сите кризи, кажа Никола Панчевски говорејќи за економската програма. Македонски производи и иновации како соларни панели, ладилници на соларна енергија за земјодеслки стопанства, печки на мешани горива, нанобиополимер за намалување на загадувањето, се само дел од иновативните производи и системи кои веќе се испробани и доколку се применат на ниво на државата ќе имаат директно позитивно влијание врз населението, истакна Панчевски.

„ Овие методи што ние ги предлагаме се автохтони македонски и покрај тоа што ја дигаат вредноста на денарот тие го поддржуваат економскиот раст и развој. Како иноватор имам мои иновации  но правиме платформа за поддршка на стотици други иноваации кои беа потиснати последниве 50 години.“ – кажа Никола Панчевски.

„Македонски независни листи“ започнуваат со процесот на собирање потписи за кандидатски листи во сите 6 изборни единици. На претсојните парламентарни избори  ги таргетираат граѓаните кои се незадоволни од двете најголеми партии кои се менуваат на власт и се убедени дека ќе освојат пратенички места во идниот состав на  Парламентот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top