90 години од првата фудбалска топка во Охрид

На денешната „Средба на генерациите“, Охрид одбележа 90 години од првиот фудбалски клуб и првата фудбалска топка во нашиот град. На овој настан присуствуваа околу 50тина имиња кои најмногу придонеле за охридскиот фудбал. Ова е прво случување од ваков вид во изминативе 90 години.

 |  Мишел Наумоски  | 
podmladok
подмладок

„Средбата на генерациите“ на охридскиот фудбал која се одржа денес, не врати со години наназад до самите почетоци на фудбалската игра во нашиот град. Најзначајните фудбалери од Охрид низ годините од генерациите `48ма, `54та, па се до денес како и екипи и гости, на денешната свечена седница одбележаа еден значаен датум за охридскиот фудбал.

„Денешнава седница е одржана по повод 90 години од првата фудбалска топка во Охрид и првиот фудбалски клуб формиран во 1921 година. Се смета дека првата топка била донесена од француските војници кои враќајќи се од Солунскиот фронт отседнале во Горица, кај хотелот Парк. Тука доаѓале и играле децава од Охрид и се смета дека првата топка била во Охрид.“-рече Димче Стојкоски-Лепиот-Претседател на ИО на Општински фудбалски сојуз

Стојкоски на своите колеги од фудбалската игра им оддаде и достојни признанија за долгогодишната работа во унапредување на охридскиот фудбал, но и македонскиот фудбал воопшто. Тој им подели плакети на фудбалерите, а дел од нив и се обратија кон присутните. Овој настан не беше само потсетување на славното минато, туку и отпочнување на нова иднина на охридскиот фудбал. Стојкоски проговори и за можноста, еден охридски тим после долго време да заигра во Првата македонска фудбалска лига.

dodeluvanje priznanija

„Охрид, со самото влегување на Охрид 2004 во Првата македонска фудбалска лига ќе добие еден поттик за напред, прво за населението коешто слободното време ќе има кај да го троши, да гледа екипи од страна, фудбалери кои се подобри ќе можат да се пласираат во други екипи да играат, да излезат фудбалски судии, тренери, спортски работници, што значи спортот ќе биде еден поттик за развојот на еден град во целина.“-вели Стојкоски

Стојкоски додаде дека фудбалот, но и спортот воопшто претставува еден амбасадор на мирот и одлична можност за ширење на пријателствата но и општ напредок на градот и државата.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top