Прва македонско-канадска лидерска конференција

Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  ќе биде домаќин на првата годишна Македонско-канадска лидерска конференција.

logo
лого

Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  ќе биде домаќин на првата годишна Македонско-канадска лидерска конференција (MКЛК 2013), што ќе се одржи на 27 овој месец во македонската православна катедрала „Св. Климент Охдридски“ во Торонто.

TorontoКонференцијата, како што соопштуваат од ОМД, ќе обедини на едно место македонско-канадски лидери на разни македонски културни, бизнис, јазични и верски организации од цела Канада на едно место. Најавено е и учество на македонскиот амбасадор во Канада, Љубен Тевдовски, како и пратеникот за Северна Америка Павле Саздов кои ќе зборуваат за улогата на дијаспората во канадско-македонските односи.

Целта на конференцијата е да се поттикнат сите македонски лидери, особено студентите, да се активираат во општеството и преку граѓански ангажмани и да помогнат на Македонија и на макдонско-канадските односи преку едуцирање на јавноста.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top