Ознака: комисијата

opstina

Кејот „Маршал Тито“ ќе стане кеј „Македонија“

Post Views: 5 Овој предлог доаѓа директно од кабинетот на градоначалникот но  Комисијата за општествени дејности треба да го разгледа и да одлучи дали има некакви пречки поради кои не може да дојде до преименување на кејот. Денес ќе се состане и Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ со цел да завземат заеднички став за овај предлог на Градоначалникот. Состанок ќе има и во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ каде ќе се координираат со кој став ќе истапат на седница на Совет која е закажана за в петок а кога ова точка ќе се најде на дневен ред. {loadposition content9}

Continue reading

cingo

„ Коси од розева волница“ е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“

Post Views: 19 „ Коси од розева волница“ под шифра Солза  е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“.  Наградениот расказ носи една ретко обработена тема во кој е прикажан спојот меѓу реалниот  и натприридниот свет. Нарацијата е лесна, со чиста мисла без оптоварување на непотребни описи, јазикот е лесно прифалив, композициски е изграден до совршенство, кажува Ирена Бачиќ, од жири  Комисијата на конкурсот Живко Чинго 2014. „ Од овој расказ извираат силни емоции кои го поместуваат човекот од сосптвеното лежиште. Исповед е на една душа, мајка која прерано го напуштила овој свет...

Continue reading

Плаосшник

На Плаошник ќе се градат пониски и помалку објекти

Post Views: 2 На Плаошник сепак нема да се градат 16 -те објекти кои се планираа, туку само 6. Објеките исто така ќе претрпат измени и ќе бидат пониски за еден кат. Ова се измените на планот кои вчера од Охрид  ги  најави Министерката за култура  Елизабета Канческа Милеска, а кои се однесуваат на  возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. „Во препораките кои и ние претходно ги спомнавме, а и тие ги дадоа како препораки од нивна страна, беше напоменато дека е добро висината на овие  објекти  да се намали за една катна висина. И ние тоа го разгледувавме , паралелно,...

Continue reading

nagrada

Наградата „Горна порта“ во рацете на доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески

Post Views: 29 Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Претседателот на комисијата која ја доделува наградата, Игор Кичеец, смета дека критериумите за да се добие една ваква награда се доста високи. Кичеец вели дека самото име на наградата „Горна порта“ покажува на еден симбол на градот, но пред се една асоцијација на некои повисоки критериуми. Тој појаснува зошто се одлучиле токму Манасијески да биде добитник на наградата за 2013та година.   „Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано мноштво...

Continue reading

Ohrid

За петок свикана 24-та седница на Советот на општината

Post Views: 11 Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година ќе се одржи овој петок со почеток во 12,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, со следниот  деневен ред : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.2. Предлог Решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија. 3. Предлог Решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности. 4. Предлог Решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа. {loadposition content9}

Continue reading

drvored

Неизвесно дали липата ќе ја снема од охридските улици

Post Views: 0   Охридските дрвореди ќе се кастрат, а трулите стебла ќе се сечат. Наскоро , според програмата на Локалната самоуправа за 2014 година ќе ги уредува алеите на улиците Булевар Туристичка, Јане Сандански, Партизанска, Димитар Влахов, Македонски Просветители, Кеј  Маршал Тито, Каналот Билјанини извори, Марко Цепенков и Асном. На сите овие дрвореди ќе бидат обработени околу 2378 стебла. Приоритет во средување на стеблата ќе имаат дрворедите на улицата Јане Сандански, Партизанска и Македонски Просветители, напоменува општинскиот портпарол Томе Џамтоски.  Општинската комисија...

Continue reading

Охриѓани добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“

Post Views: 2 Граѓаните на Охрид добија награда за „Трајно уништување на рибниот фонд од  Охридското Езеро.“ Комисијата на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ одлучи охриѓани да ја добијат оваа награда на конкурсот  за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014. На конкурост пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу пријавените се  научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов, поранешен директор на рибарско стопанство,...

Continue reading

sv kliment

Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело

Post Views: 7 Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело. Ова денес го соопшти Градоначалникот Никола Бакрачески кој кажа дека комисијата едногласно одлучила ова престижно признание да оди во рацете на доаенот на пливањето кој е најзаслужен што охридскиот маратон се запиша во регистарот на светското маратонско пливање. Александар Леко Радиќ несебично го трошеше својот талент и знаење за да едуцира кадри кои беа и се репрезенти на Охрид и маратонското пливање, рече Градоначалникот. Денес беа соопштени и добитниците на свети климентовите...

Continue reading

drvo na kola

Падна дрво врз кола во Косел

Post Views: 18 Во центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост...

Continue reading

povelba

Четиринаесет апликации за Климентовата награда и повелбите

Post Views: 7 Вкупно четиринаесет поднесени апликации за конкурсот за доделување на најпрестижното општинско признание, наградата „Свети Климент Охридски“ и повелбата. Крајниот рок за поднесување на апликациите истече вчера. Шест од пристигнатите апликации конкурираат за „Светиклиментовата награда“, а осум за повелбата. Се чека до локалната да пристигнат апликациите кои во предвидениот рок биле испратени по пошта. Годинава, во донесувањето на одлуката кој ќе биде добитник на највисокото општинско признание на градоначалникот Никола Бакрачески ќе му помага посебна комисија формирана...

Continue reading

Состанок на Комисијата за заразни болести и Советот за национална безбедност

Post Views: 8 Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Оваа недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18 000. Во...

Continue reading

povelba

Досега само три апликации за „Климентова повелба“- комисијата чека уште апликации

Post Views: 1 Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба. „Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top