Состанок на Комисијата за заразни болести и Советот за национална безбедност

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.

 |   | 

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.

Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Оваа недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18 000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирусот од направени 1 405 тестирања, а починаа 41 лице.

Според најавите, од утре треба да стартува имунизацијата со 24 000 дози од вакцината на „Астра Зенека“ со граѓани над 75 години. Здравствените власти тврдат дека апсолутно нема контраиндикација за граѓани од која било возраст да се вакцинираат со оваа вакцина и порачуваат граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи, како што велат, ова е специфичен период.

Во болниците изминатата недела посебно и викендот исто така огромен број пациенти побарале болничка заштита или им била индицирана после направените прегледи.

Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1 537 ковид-пациенти и има околу 330 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 869 лица со Ковид-19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top