На Плаошник ќе се градат пониски и помалку објекти

 На Плаошник ќе се градат пониски и помалку објекти.

 |  Валентина Неловска  | 
Плаосшник
Плаошѓник

На Плаошник сепак нема да се градат 16 -те објекти кои се планираа, туку само 6. Објеките исто така ќе претрпат измени и ќе бидат пониски за еден кат. Ова се измените на планот кои вчера од Охрид  ги  најави Министерката за култура  Елизабета Канческа Милеска, а кои се однесуваат на  возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

Плаошник
„Во препораките кои и ние претходно ги спомнавме, а и тие ги дадоа како препораки од нивна страна, беше напоменато дека е добро висината на овие  објекти  да се намали за една катна висина. И ние тоа го разгледувавме , паралелно, пред да дојде Комсијата, од надлежната институција  беа во завршна фаза преоктите кои сакаваме да им ги презентираме за да видат како би личело  со една намалена катна висина на сите 6 објекти. Се согласивме со Унеско и дека препораките се општо прифатливи  за проектот и за визуелен поглед од објектот  кон Охридското езеро“,  изјави миснистреот з акултура Елизабета Канческа Милеска.   

Веднаш по посетата на Комисијата на Унеско лани на 11 декември 2013,  ТВМ имаше информации дека Комисјта има сериозни забелешки  на проектот во врска со висината на градбите. ТВМ во неколку наврати ги контактираше надлежните кои тврдеа дека комисијата не нашла никакви негативни забелешки, туку напротив дека се воодушевени од проектот.  По посетата на Комисијата имаше застој во градењето но никој не сакаше да коментира зошто се запре со градбите. Во февруари директорката на  Завод и Музеј , Тања Паскали Бунташеска уверуваше дека до нив нема пристигнато никаков извештај со негативни забелешки од Комисијата на Унеско.

До надлежните институции подолго не допираше реакцијата на охридската и македонската јавност дека со висината и бројните објекти се загрозува локалитетот Плаошник, а градот може да го загуби статусот на Унеско. Граѓаните реагираа на исечената шума и на пренатрупаноста со голем број  објеки. Тогаш Паскали Бунташска разуверуваше дека злобниците претеруваат и дека  „Возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет се врши според претходно изработена Локална урбанистичка планска документација, а не според желбите на Министерството за култура на РМ“. Сега, шест месеци подоцна по посетата на Комсијата на Унеско за Плаошник од ресорното министерство и Завод и Музеј  тврдат дека се усогласени нивните дилеми поврзани со проектот, а со препораките на Комсијата.   
Плаошник
На Плаошник во фаза на карабина се  изградени резиденцијата на МПЦ, манастирскиот конак, музејот, центарот за хуманистички науки. Паралено ќе се работи на Св Климентовата Библиотека, а потоа ќе се гради и  Богословскиот факултет. На местото каде што е исечена иглолисната шума, според препоракитe на Комисијата на Унеско засега нема да се градат 9 -те афилации на светски универзитети и  заедничкиот компјутерски центар.

Коинциденција или не викендов министерката Елизабета Канческа Милеска ги образложи измените на проектот, а тоа не го стори  Генералниот директор на Унеско Ирина Бокова, која исто време беше во Охрид на министерска  конференција.
Нашиот колега Мишел Наумоски се обиде да добие одговор поставувајќи  прашање , но на Бокова домаќините не и дозволија одговор со образложение дека нема време за одговори.

Новинарите со оваа постапка не добија можност од Бокова да добијат одговори и на други прашања поврзани со друга проблемтика затоа што под заштита на Унеско не е само Плаошник туку и други делови од градот и езерото.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top