• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“

Охриѓани добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“

Охриѓани  добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните на Охрид добија награда за „Трајно уништување на рибниот фонд од  Охридското Езеро.“

Комисијата на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ одлучи охриѓани да ја добијат оваа награда на конкурсот  за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014.

наградаНа конкурост пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу пријавените се  научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов, поранешен директор на рибарско стопанство, Водна заедница, здруженија на граѓани, државни инспекторати, подрачни единици на министерства, локални јавни претпријатија, министерства, министри за земјоделство, Заменик министер за земјоделство, доктори по рибарство, поранешен сопственик на брод, ресторани, хотели, за државна компанија, градежни фирми, пријави за граѓани на Охрид без функција.

По овие пријави одлука на комисијата е дека оваа награда им припаѓа на сите охриѓани. Наградата е  уметничка слика со охридска пастрмка која ќе биде доставена  во музеј, а плакетата за животно дело на граѓаните од Охрид да се достави до Општина Охрид за да го краси кабинетот на Градоначалниците.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top