Неизвесно дали липата ќе ја снема од охридските улици

Неизвесно дали липата  ќе ја снема од охридските улици.

 |  Валентина Неловска  | 
drvored
drvored

 

Охридските дрвореди ќе се кастрат, а трулите стебла ќе се сечат. Наскоро , според програмата на Локалната самоуправа за 2014 година ќе ги уредува алеите на улиците Булевар Туристичка, Јане Сандански, Партизанска, Димитар Влахов, Македонски Просветители, Кеј  Маршал Тито, Каналот Билјанини извори, Марко Цепенков и Асном. На сите овие дрвореди ќе бидат обработени околу 2378 стебла. Приоритет во средување на стеблата ќе имаат дрворедите на улицата Јане Сандански, Партизанска и Македонски Просветители, напоменува општинскиот портпарол Томе Џамтоски. 

drvored

Општинската комисија за сечење на дрва наскоро ќе треба да утврди што ќе се случува со стеблата. Стручните лица ќе го кажат последниот збор  дали липата на охридските дрвореди ќе биде исечена и заманета  со други садници, вели Џамтоски.     

„ Иако имаше и за и против за менување на дрворедите со липа, според реакциите на граѓаните, замената на липата со јапонска цреша  беше добро прифатена од граѓаните. Дали ќе се заменат, понатака да оставиме на стручната комисија да оцени.“

drva

Во однос пак, на прашањето како досега Комисијата за сечење на дрва работела, колку казни  и колку интервенции имала минатата година, портпаролот Џамтоски соопшти  дека не можат многу да се пофалат со нејзината  активност. Портпаролот  за сечата на дрва во дворот на црквата Св Богородица Болничка, манастирскиот комплекс Св. Наум, на Плаошник и Лабино кажува дека оваа комисија нема  надлежности туку друга која работи во рамките на општинскиот инспекторат. Со оглед на ситуацијата на терен се добива впечаток дека на  ниедна комисија како да  не и ја грижа за исечените стебла.  

„ Изминатиот период немаше такви слуачи. Комисијата излегува на повик на граѓани  каде што се сечи некое дрво. Немаше такви интревенции и немала работа. Но, не значи  дека комисијата не ќе излезе на посочените улици и ќе даде стручен наод што ќе се преземи.“
 
Обновата, пак  на дрворедите на охридските улици и замената на стеблата кои ќе се исечат ќе се прави со тендер за набавка на садници кој ќе треба да го распише општината. Изведувачките работи ќе ги спроведува ЈП Охридски Комуналец.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top