Падна дрво врз кола во Косел

Падна чинар врз возило марка Мерцедес во Косел.  Овој немил настан се случи вчера некаде околу 21 часот. „Од колата не остана речиси ништо“ , раскажува неговиот сопственик кој немо стоеше пред возилото, од кое што сеуште не беа отстранети остатоците од гранките на дрвото.

 |  Николоска Биљана  | 
drvo na kola
дрво на кола

drvo na kolaВо центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост на општината. Мештаните беа револтирани и коментираа дека дрвото било старо, труло и во неколку наврати ги предупредувале надлежните институции дека дрвото може да падне и да предизвика некоја штета. Во непосредна близина на сега веќе безопасниот чинар е коселското училиште како и угостителскиот објект кој секојдневно го посетуваат голем број гости. Како што истакнаа мештаните, надлежните институции не презеле ништо со изговор дека станува збор за дрво кое што е заштитено со закон. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски негира дека биле известени за состојбата на спомнатиот чинар.

drvo na kola„Јас можам да потврда дека воопшто во општинскиот инспекторат во Охрид незнам што се случило во Локална самоуправа кога беше Косел пред припојување кон Охрид но до ден денеска такво барање за кастрење на гранките на чинарот не постои, зборувам за Локална самоуправа во Охрид. Нема такво барање, јас проверив и до одделението за екологија поточно до Комисијата која што треба да даде согласност за кастрење на гранките“ – велТ танасоски.

Тој додава дека доколку постои опасност кога може да се загрозени не само возилата туку и минувачите, Комисијата која е специјално формирана за тоа и во случај кога се работи за дрва кои се заштитени со закон треба да даде согласност за нивно кастрење. За среќа во моментот при падот на чинарот во Косел   во автомобилот врз кој се срушил и во непосредна близина немало никој, па така е избегната трагедија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top