• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело

Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело

Доаенот на пливањето кој е најзаслужен што охридскиот маратон се запиша во регистарот на светското маратонско пливање, Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sv kliment
св климент

Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело. Ова денес го соопшти Градоначалникот Никола Бакрачески кој кажа дека комисијата едногласно одлучила ова престижно признание да оди во рацете на доаенот на пливањето кој е најзаслужен што охридскиот маратон се запиша во регистарот на светското маратонско пливање.

Александар Леко Радиќ несебично го трошеше својот талент и знаење за да едуцира кадри кои беа и се репрезенти на Охрид и маратонското пливање, рече Градоначалникот.

Денес беа соопштени и добитниците на свети климентовите повелби. И двајцата се млади луѓе поради што претседателот на Комисијата за доделување наградои и признанија, Дејан Пановски изрази посебно задоволство велејќи дека тоа е доказ оти Охрид имал свое минато, сегашност и иднина. Фотографот Стојан Стојаноски ќе се закити со ова високо признание бидејќи преку неговите слики врши афирмација на градов ширум светот.комисија

Неговите фотографии се емитувани на CNN, Foks news, Dojce vele и на сајтот на NASA. Тоа е огромна реклама за Охрид која може да се искористи во туристички цели. Стојаноски пополека но сигурно го запознава светот со Охрид, рече Пановски.

Свети климентова повелба добива и соло пеачката Миланка Новеска која со својот глас му ги отвара вратите на Охрид.

Миланка од најмали нозе ја гради својата кариера а сите ние сме сведоци на тоа. Сите нејзини успеси ги споделува со својот град и несебично својот талент го употребува за да ни ги разубави важните мигови, подвлече Пановски.

Наградата и повелбите ќе бидат доделени на свечената академија која ќе се одржи на осми декември во Центарот за култура Григор Прличев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top