Ознака: кои

ministerstvo

На 15 декември истекува рокот за барање на откуп за државно земјиште

Post Views: 2   Гужва пред одделението на Управата за имотно правни работи Охрид. Рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште во државна сопственост истекува на 15 декември 2014 година како што информираа од Министерството за финансии. Охриѓани информирани, но постапката им се видела комплицирана, бидејќи изминативе години по неколку пати тропнале на вратите од подрачното одделние на Управата за имотно правни работи. „Не доаѓам прв пат, за дворно место, доаѓам ме одбиваа па се тужев. Одамна имам подадено, носам  тужби, жалби да се разберам што е работата никој ништо...

Continue reading

diet

Мит и вистина – диети

Post Views: 8 Ако го напишете зборот „диета“ на интернет, ќе ви излезат милиони совети и начини за губење на килограмите. Повеќето се митови, а вистината е една – здрав начин на исхрана и редовна физичка активност. Ви ги донесуваме заблудите поради кои не треба да се откажете од диетата. Таква сум градена и нема спас Многу жени веруваат дека нивните гени се виновни за изгледот на телото. Покрупна мајка, дебела баба и „судбината“ рекла дека и таа треба да изгледа така. Вистината е дека генетски може да наследите широки колкови или големи гради, но за салото сами си сте виновни....

Continue reading

sv.kliment

Со голем број настани се чествува патронот на градот

Post Views: 6 Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски. Свој настап имаше и црковниот хор на Св. Богородица Перивлепта кои пред присутните гости и изведоа неколку црковни песни. Утрово , граѓаните се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата на Плаошник каде имаше света литургија, а положија цвеќе и пред споменикот во основното училиште што го носи името на патронот. Во рамките на Светиклиментовите...

Continue reading

Van Gogh

Ван Гог не се самоубил

Post Views: 2 Во книгата “Ван Гог: Живот” која е претставена во јавност вчера вечерта, се доведува прашањето за самоубиството на Ван Гог и се појавува теорија дека славниот уметник е убиен од еден локален тинејџер. Авторите Стивен Најфе и Грегори Вајт Смит, кои добиле Пулицерова награда за книгата ‘Jackson Pollock: Американска Сага’, ја претставиле теоријата која е контрадикторна на општоприфатената верзија дека Ван Гог се убил. Уметничкиот прибор кој тој ден Ван Гог го носел во полето никогаш не е пронајден, исто како што не е ни пиштолот со кој наводно...

Continue reading

Ohrid

„Охридски вистини, случки, приказни и факти“ интересни содржини од минатото на Охрид

Post Views: 16 Бројни вистини  и факти од историјата на Охрид се поместени  во најновата книга „Охридски вистини, случки, приказни и факти“ од  новинарот, Илче Стојаноски. Оваа книга  е резултат на  35 годишната  новинарско-истражувачка работа. Авторот на книгата донесува  вистини и случки од историјата  на градот. Започнува со продажбата на черепот на Св Климент  од страна на некои охриѓани на Грци, па што  черепот веќе 7 века се чува во едно гратче близу Солун. Стоајнски го наведува  и фактот од 1916 година кога се  одземени  црковни реликвии  меѓу кои и круната на Св Климент, која...

Continue reading

sirma vojvoda

Ул. „Сирма Војвода“ сеуште голема каллива нива

Post Views: 34   Штом започне врнежиливото време започнуваат и главоболките на жителите на улицата „Сирма Војвода“.  На само неколку метри од центарот на градот, улицата се претвора во каллива нива која секој ден треба да се премине на пат до работа, училиште, град и назад.  Чизмите ни се обувки и во лете и зиме, велат жителите, а маката ги натерала да се снаоѓаат и со други реквизити.  „Гледате дека сме во вода закопани во кал, децата и жените одат на работа ставаат најлони за да поминат од тука летно време се ова е змијарник.  Ние бевми два патив во општина кај секретарот, обеќа,...

Continue reading

Тенка е линијата помеѓу приватниот и јавниот живот

Post Views: 1 Во време на интернет и социјални мрежи тенка е линијата помеѓу приватниот и јавниот живот. Како тоа делумно да се спречи? Можеби е подобро колегите од работа да не се ваши пријатели на Facebook, пишува во коментар на Linkedin маркетиншкиот експерт Soham Wagh. Според него овие се три причини за тоа: –Завист – Многумина на Facebook објавуваат животни случки како што се нова куќа, нова кола, фотографии од патувања во странство…Меѓутоа во канцелариското опкружување тоа може да резултира со завист бидејќи немаат сите еднакво успешен живот, ниту еднакви можности....

Continue reading

cun

Од интимна желба на неколкумина, до изложба-Охрид, слики од минатото

Post Views: 49 Охрид од времето кога Гимназијата беше на крајот од градот. Некои го знаат како изгледал, некои не. Постарите ќе се потсетат на местата каде пиеле кафе и муабетеле некогаш, помладите ќе видат како изгледал нашиот град порано. Ова не е веќе само желба. Фејсбук групата „Охрид-слики од минатото“ која од своето формирање привлече огромно внимание кај граѓаните ќе добие и своја физичка форма. Мала селекција од четириесетина слики постирани во оваа група, испечатени ќе бидат дел од изложбата наречена токму така…„Охрид-слики од минатото.“ Стари рибари, чунови, споменици,...

Continue reading

agencii

Банско и Копаоник, најбарани за зимување на охриѓани, а Истанбул за најлудата ноќ

Post Views: 2 Банско, Боровец, Копаоник се најбараните дестинации кои ги одбрале охриѓани за зимување. Сезоната е на прагот, а плановите на охриѓани за излез од обврски и релаксација се различни за секого, но целта е една – одмор, велат дел од охридските туристички агенции. А тука се и новогодишните празници. Пакет аранжманите за новогодишните празници се готови, има голем број понуди речиси за сите европски метрополи, за тродневен, четвородневен, петодневен аранжман со автобуски и авионски превоз, вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. „Дубаи 5 ноќи со авионски превоз и обезбедување...

Continue reading

patron kliment

ОУ „Св.Климент Охридски“ со мјузикл го одбележа својот патронен празник

Post Views: 5 Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан. Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...

Continue reading

sovet

Жестока дебата во Советот за развојните програми за 2015та година

Post Views: 3 Жестока и опширна дебата околу предлог развојните програми и нацрт фискалната стратегија на локалната за 2015та година. Советниците од редовите на опозицијата одбија да ја гласаат оваа точка на дневниот ред бидејќи според нив локалната администрација и градоначалникот направиле грешки во проектното планирање. Според Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ, тие добиле само список со активности кои се планира да бидат извршени, но не и дефинитивна временска рамка за нејзина реализација и предвидени средства за истата. „Ние и во текот на дискусијата...

Continue reading

Производи кои се забранети во поедини земји

Post Views: 3 Можеби за ова не сте размислувале, но поедини производи кои секојдневно се околу нас, во поедини земји се забранети поради разни регулативи. Издвојуваме неколку интерсни случаи кои ги објави BuzzFeed. -Во училишните ресторани во Франција воведени се рестрикции за кечап. -Киндер јајцата не смеат да се продаваат во САД поради регулативата спрема која во прехранбени производи не смеат во себе да содржат предмети. -Видео играта Grand Theft Auto е забранета во Обединетите Арапски Емирати затоа што содржи призори на насилство, секс и дрога. -Во Јапонија никој не поседува пушка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top