Ул. „Сирма Војвода“ сеуште голема каллива нива

Со секој нов дожд се актуелизираат проблемите на жителите на улицата „Сирма Војвода“.  Дури и во селата асфалт ставаат до плевните а ние на неколку метри од центарот на градот десеттина години молиме за асфалтирање, се жалат жителите на овој потег. Тие сметаат дека ул. „Сирма Војвода“ треба да биде приоритет за реконструкција и изградба на локалната.

 |  Николоска Биљана  | 
sirma vojvoda
сирма војвода

 

sirma vojvodaШтом започне врнежиливото време започнуваат и главоболките на жителите на улицата „Сирма Војвода“.  На само неколку метри од центарот на градот, улицата се претвора во каллива нива која секој ден треба да се премине на пат до работа, училиште, град и назад.  Чизмите ни се обувки и во лете и зиме, велат жителите, а маката ги натерала да се снаоѓаат и со други реквизити.

 „Гледате дека сме во вода закопани во кал, децата и жените одат на работа ставаат најлони за да поминат од тука летно време се ова е змијарник.  Ние бевми два патив во општина кај секретарот, обеќа, рече дека тендер бил, распишан, немале шљунак, тоа беше уште ланми од тогаш ништо нема на повидок  – велат граѓаните.

За уредување на градежно земјиште во што влегува и реконструкција и асфалтирање на улици локалната во нацрт програмата за 2015 година проектира сума од 50 мил денари.  Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици велат дека и улицата Сирма Војвода во рамки на оваа програма ќе добие асфалт.

 sirma vojvoda„Во план е во блиска иднина да биде поставен тампон на оној дел од улицата каде што се наоѓаат станбените згради, со кое што за нијанса ќе се подобри тековната состојба. Сведоци сме дека посебно во дождливи временски услови дека не  екоректно граѓаните да живает во такви услови во поширокоо градско јадро па затоа во корелација со градоначалникот одлучивме да биде поставен тампон, а подоцна како што сме предвиделе со развојаната програма на секторот да биде и целосно асфалтирана улицата“ – вели Танески од Секторот.

Во интерес на транспарентното работење, со цел граѓаните да имаат увид на што се трошат буџетските средства Општината  нацрт развојните програми кои беа донесени на последната седница на совет ги стави на увид на граѓаните објавувајќи ги на општинскиот интернет сајт. Тие ќе бидат предмет и на  јавни расправи каде што граѓаните и преставниците на разни здруженија, организации и граѓани ќе имаат можност да дадат и свои предлози. Со оглед на тоа што граѓаните секогаш најмногу се интересираат за проблемите кои ги имаат во комуналната инфраструктура за очекување е најмногу измени од нацрт верзијата до конечната верзија да претрпи програмата за уредување на градежно земјиште.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top