„Охридски вистини, случки, приказни и факти“ интересни содржини од минатото на Охрид

 „Охридски вистини, случки, приказни и факти“  интересни содржини од минатото на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Бројни вистини  и факти од историјата на Охрид се поместени  во најновата книга „Охридски вистини, случки, приказни и факти“ од  новинарот, Илче Стојаноски. Оваа книга  е резултат на  35 годишната  новинарско-истражувачка работа. Авторот на книгата донесува  вистини и случки од историјата  на градот. Започнува со продажбата на черепот на Св Климент  од страна на некои охриѓани на Грци, па што  черепот веќе 7 века се чува во едно гратче близу Солун. Стоајнски го наведува  и фактот од 1916 година кога се  одземени  црковни реликвии  меѓу кои и круната на Св Климент, која денес се чува во музеј во Софија.  

Ilce„ Интересно е што се потрдува со факти. Пронајден  е записник во кој се кажува што се е одземено, од бугарските власти се вели, сите одземени работи од Св Перивлептос еден ден по завршувањето на војната ќе бидат вратени. Но тие не се до ден денес вратени. Ни една власт ни од поранешниот систем, ни по осамостојувањето не потегнале прашање што се случува со тие свети нешта кои значат многу за Охрид“, напоменува Стојаноски.

Ова е четврта книга на авторот, а промоцијата на најновото издание се одржа по повод Св. Климент  патронатот на Охрид. Промотор на најновата  книга „Охридски вистини, случки, приказни и факти“ , од Илче Стојански беше хроничарот и историчарот Владо Жура.

kniga „На 120 страни донесува написи претставени на достапен приод, од познати и непознати случки, приказни  и факти од нашиот старозамански и вечен град. Почнува со вечниот заштитник на Климент Охридски движејќи се низ историјата се до денешен ден“, рече Жура.

Издавањето на „Охридски вистини, случки, приказни и факти“  е со  еден дел финански поддржана од Локалната самоуправа. На промоцијата беше присутен и заменик градоначалникот Ангел Јанев, истакнувајќи ја позитивната страна на книгата за градот и земјата воопшто.

„ Она што не е запишано како и да не се случило, а  со тоа постои опасност од сеќавањата да исчезнат многу нешта кои се од голема вредност за  Македонија, Охрид и воопшто за човечката историја“, напомена Јанев.

Новинарот Илче Стојаноски е добитник  на бројни новинарски и општeствени награди меѓу кои  во 2007 и повелбата Св Климент Охридски.  Професионалната  новинарска кариера  ја градеше во Радио Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top