Ван Гог не се самоубил

Дури 121 година се верувало дека легендарниот холандски уметник Винсент ван Гог се самоубил во Франција.

 |   | 
Van Gogh
Van Gogh

Во книгата “Ван Гог: Живот” која е претставена во јавност вчера вечерта, се доведува прашањето за самоубиството на Ван Гог и се појавува теорија дека славниот уметник е убиен од еден локален тинејџер.

Van Gogh

Авторите Стивен Најфе и Грегори Вајт Смит, кои добиле Пулицерова награда за книгата ‘Jackson Pollock: Американска Сага’, ја претставиле теоријата која е контрадикторна на општоприфатената верзија дека Ван Гог се убил.

Уметничкиот прибор кој тој ден Ван Гог го носел во полето никогаш не е пронајден, исто како што не е ни пиштолот со кој наводно се убил, а не оставил никаква порака. Докторите кои го прегледале, изјавиле дека куршумот не бил испукан од блиску.

Постои и запис во францускиот медицински весник за човекот кој бил тинејџер кога Ван Гог живеел во Франција. Рене Секретан и неговиот брат често го задевале уметникот и му го загорчувале животот додека тоа лето го поминувале во блиската вила.

Тинејџерот наводно признал дека пиштолот со кој наводно Ван Гог се самоубил му го дал домарот во вилата во која престојувале, но рекoл дека Ван Гог му го одземал.

Додека пак Најфе и Смит веруваат дека 16 – годишното момче пукало во него, но му било страв да признае. Ван Гог умрел во 1890 година на 37 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top