ОУ „Св.Климент Охридски“ со мјузикл го одбележа својот патронен празник

ОУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа својот патронен празник. Оваа година многубројните присутни имаа можност час и половина да уживаат во мјузикл во кој учествува ученици од второ до деветто одделение. Подготовките биле напорни нио трудот се исплатил, рече директорот на училиштето Јордан Пуроски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
patron kliment
патрон климент

Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан.климент патрон

Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било прикажано. Целта им била децата да иамат можност да ги покажат сите свои афинитети како глума, пеење, танцување.kliment patron

Во нашето училиште политиката е сите ученици кои ќе изразат желба да бидат вклучени во приредбата за патрониот празник. Учество зедоа и цел тим наставници кои напорно работеа, а имавме ангажирано и надворешни соработници за подготвување на точките во кои се танцува. Годинава координатор на програмата беше наставничката по македонски јазик, Никица Мишева и по музичко, Виолета Ангелеска. Хорот под нејзината диригентска палка ова година за прв пат подготви повеќе странски  песни, рече Пуроски.

На одбележувањето на патрониот празник беа доделени благодарници на двајца наставници кои петаесет години во континуитет работата во училиштето ,а беа доделени и наградите на учениците кои освоиле прво, второ или трето место во повеќе натпревари како шах, пинг понг, но и на литературниот и ликовниот конкурс. Директорот на училиштето рече дека е многу задоволен од правецот по кој се движи оваа образовна институција. Тој додадае дека годинава која е на изминување се реализирани повеќе проекти со кои се подобрени условите во училиштето и вети дека во наредната учебна година со уште поголем ентузијазам целиот колектив ќе работи во таа насока.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top