На 15 декември истекува рокот за барање на откуп за државно земјиште

Привршува рокот за поднесување барања за откуп на државно земјиште. Охриѓани информирани, но целата постапка им била макотрпна како што кажаа пред камерата на ТВМ оние граѓани кои ги анкетиравме.

 |  Николоска Биљана  | 
ministerstvo
министерство

 

privatizacijaГужва пред одделението на Управата за имотно правни работи Охрид. Рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште во државна сопственост истекува на 15 декември 2014 година како што информираа од Министерството за финансии. Охриѓани информирани, но постапката им се видела комплицирана, бидејќи изминативе години по неколку пати тропнале на вратите од подрачното одделние на Управата за имотно правни работи.

„Не доаѓам прв пат, за дворно место, доаѓам ме одбиваа па се тужев. Одамна имам подадено, носам  тужби, жалби да се разберам што е работата никој ништо не јавува. Од Скопје добив позитивно од овде негативно, не биле доволно документите а јас се се доставив. Да ви кажам досега сум дошол 100 пати privatizacijaтри и пол години се мачам да приватизира еднао мало место но незнам дали ќе завршам работа. Втор или трет пат доаѓам да ја приватизирам гаражата и една шупа. Се намачив и тоа многу, бараат нови броеви нова документација. Споро оди постапката“ – велат граѓаните.

Од Министерството за финансии апелираат до граѓаните и фирмите да го проверат во одделенијата на Агенцијата за катастар на недвижности статусот на земјиштето кое го користат, и доколку тоа е сопственост на Република Македонија, со запишано право на користење на нивно име, да поднесат барање за приватизација до подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи во општината на чие подрачје се наоѓа земјиштето.  Физичките и правни лица кои немаат поднесено барање за приватизација, а нема да поднесат ниту до 15 декември годинава, ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина за земјиштето на кое до наведениот рок биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основ на објект изграден врз него.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top