Ознака: кои

студенски дом

Колку должи Студентскиот дом „Никола Карев“

Post Views: 5 Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има долг од 34 000 евра. Според податоците од Државниот завод за ревизија студентските домови во државава се во големи долгови. Во споредба со останатите сепак состојбата во охридскиот дом е најрозова. Тој е најдолу на листата на сите домови според заостанатиот долг што го има. Директорот Марјан Ристески вели дека сликата која е дадена во извештајот на Државниот завод за ревизија не е реална и објаснува за што станува збор. Не се работи за долг кој го има државниот студенски дом туку се работи за неподмирени трошоци кои се во...

Continue reading

Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца

Post Views: 17 Патронажните сестри посетиле  120 лица  во руралните средини  во Охрид и Дебрца.  Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен  дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје  за сите“,  кампања на ресорното министерство. „ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните  сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и  ја прават посетата, посочува д-р Димитова....

Continue reading

sedenje

Седењето го зголемува задникот

Post Views: 3 Истражувачите потврдува дека седењето го зголемува задникот и дека седењето предизвикува дури 50 проценти повеќе масни наслаги на тој дел од телото. Дури и луѓето кои имаат здрави навики како вежбање и здрава храна не се имнуни на создавање на масни наслаги доколку долго време седат. Истражувачите ги набљудувале снимките од магнетна резонанца на пациенти кои поради повреда можеле само да седат или лежат и дошле до заклучок дека масните наслаги на нивниот задник двојно се зголемиле со текот на времето. Потоа, набљудувале луѓе кои работат во канцеларија и чие работно...

Continue reading

hotel daljan

Хотел Даљан на праг на сезоната со старите рани

Post Views: 0 Хотел Даљан, единствениот хотел на охридското крајбрежје каде што вработените се лица со инвалидност како и нивните гости на прагот на уште една летна туристичка сезона се соочува со старите проблеми. На излезот од Охрид по стариот пат, ниту еден патоказ нема да ве одведе до овој хотелски капацитет. Директорката на хотелот Славица Стефаноска, вели дека сеуште до хотелот се доаѓа по неосветлена, поткопана уличка, од двете страни обраснат со високи капини,трње и друга вегетација а бандерите се испопаднати со кабли кои што висат насекаде. Стефаноска вели дека сликата во...

Continue reading

voska

Ќе се уредува крајбрежјето од Воска до Даљан

Post Views: 0 Впечаток на граѓаните кои што живеат во населбите Воска и Даљан е дека вниманието на градската власт во Охрид е концентрирана на источното крајбрежје, каде што се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои што се во насока на еден како што велат граѓаните елитен туризам. Градоначалникот Никола Бакрачески не се сложува со ваквата констатација. Тој категоричен, дека заедно со неговиот стручен тим поденднакво се грижеле за сите делови на градот и смета дека општина Охрид има рамномерен развој и коректна распределба на проектите. Бакрачески изјави дека на потегот на...

Continue reading

agencija

Отворени денови и во Охрид

Post Views: 11 Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и  директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните...

Continue reading

И телевизорите на удар на Европската унија

Post Views: 2 Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, кои сѐ повеќе се користат за гледање на тв програми, а подоцна ќе бидат воведени и за другите апарати за домаќинство. Благодарение на овие нови прописи во Брисел очекуваат дека потрошувачите ќе плаќаат околу осум милијарди евра помалку на сметките за струја. Во Европската унија, спрема податоците за 2011 година, се продаваат повеќе од 60 милиони телевизори и околу 16,5 милиони монитори за компјутери. Откако се донесоа слични прописи за правосмукалките кои предизвикаа бурна реакција...

Continue reading

pat Velestovo

Велестово виде асфалт после 32 години

Post Views: 2 Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од...

Continue reading

sertifikati

Доделени сертификати за бесплатните курсеви на 32 учесници

Post Views: 1 Одбележана 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Денес во НУ „Григор Прличев“ во просториите на библиотеката на пригодна манифестација беа доделени сертификати на 32 учесници за бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика, организиран од Локалната самоуправа при општина Охрид. Бакрачески во своето излагање до присутните се обрати со краток говор за значењето на нашиот Козма, познатиот Кузман Шапкарев, и воедно на учесниците им ги врачи сертификатите.   „Водени од ентузијазмот на нашите предци и предизвиците кои ги наметна...

Continue reading

hidrobioloski

Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи

Post Views: 1   Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум  кој се воведе од 2012та година кога повторно езерото се даде под концесија, тврдат од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Последните резултати од вештачкиот мрест на пастрмката се охрабрувачки бидејќи за пократок период собрани се поголем број зрна икра. Каква е состојбата со белвицата не може да се увиди на овој начин бидејќи за оваа специфична и автохтона риба не се врши вештачки мрест. Нејзината градба не го дозволува тоа. Контрола се врши преку експериментален риболов во...

Continue reading

ораторство

Почнаа ораторските средби за охридските основци

Post Views: 3 Симона Кркачоска, шесто одделенка  од ОУ„ Живко Чинго“ од Велгошти, е дел од 8-те учесници кои ќе настапат  на ораторските средби во чест на Григор Прличев. Својата вештина за сценски настап ќе ја презентира со изведување на дел од поемата „Сердарот“ од охридскиот втор Хомер. „ Очекувам да се изразувам слободно  и да не се плашам додека глумам или рецитирам пред други луѓе, споделува  Симона за своите очекувања од овој натпревар. Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „ Живко Чинго“ од Велгошти  го поздравува овој настан. Напоменува дека е значаен  за децата да се дружат, но...

Continue reading

Lale

Турските серии се „самиот ѓавол“, но сите ги гледаат

Post Views: 3 Турските телевизиски серии во кои се прикажуваат голи жени во недозволени сцени се “неморални“, но и покрај тоа сите ги гледаат.“Турските серии се самиот ѓавол, но не е можно да се заобиколат. Ние ги критикуваме, но ги гледаме со големо интересирање“, изјавил тунискиот професор Монцеф Ајари на Турско-арапскиот форум одржан во Истанбул. “Во познатата ТВ серија “Ѓумуш“ може да се видат провокативни сцени и односи надвор од бракот, какви што постојат и во арапскиот свет, но за тоа не се зборува јавно“, заклучено е на форумот на кој учествувале 200 новинари, режисери и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top