Седењето го зголемува задникот

Ова важи дури и ако вежбате, се храните здраво и сте слаби….

 |   | 
sedenje
sedenje

sedenjeИстражувачите потврдува дека седењето го зголемува задникот и дека седењето предизвикува дури 50 проценти повеќе масни наслаги на тој дел од телото.

Дури и луѓето кои имаат здрави навики како вежбање и здрава храна не се имнуни на создавање на масни наслаги доколку долго време седат.

Истражувачите ги набљудувале снимките од магнетна резонанца на пациенти кои поради повреда можеле само да седат или лежат и дошле до заклучок дека масните наслаги на нивниот задник двојно се зголемиле со текот на времето.

Потоа, набљудувале луѓе кои работат во канцеларија и чие работно место опфаќа голем период на седење, но кои редовно вежбаат и правилно се хранат. Жално е што и кај овие луѓе се добил истиот резултат, нивните задници со текот на времето се зголемувале.

big butt-Дебелината е многу повеќе од неурамнотежениот внес на калории. Дебелината настанува и кога масното ткиво на нашиот задник ја трпи нашата тежина при долго седење или лежење, вели Амит Гефен, професор од Универзитетот во Тел Авив, кој што го направил истражувањето.

Поради тоа, професорот советува дека луѓето кои што предолго седат треба почесто да стануваат од столот доколку сакаат да го избегнат наталожувањето на масно ткиво и зголемувањето на задникот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top