Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца

Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 

Патронажните сестри посетиле  120 лица  во руралните средини  во Охрид и Дебрца.  Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен  дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје  за сите“,  кампања на ресорното министерство.
здом
„ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните  сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и  ја прават посетата, посочува д-р Димитова.

За реалиција на посетите се ангажирани 13 патронажни сестри од Здраствен  дом Охрид. Тие одат во посета на стари и изнемоштени лица, бидејќи најчесто во руралните средини нема амбуланти. Мерат крвен притисок, шеќер во крвта и холестерол, даваат медицински совети,а доколку има потреба ги советуваат пациентите да се јават кај матичниот лекар,  појаснува д-р Димитрова.
здом

„ Според извештаите на патронажните сестри и во однос другиот  проект  кој течеше во градот Охрид најчесто се открива скреиниот убиец покачен притисок , најлесто луѓето не се свесни дека гоимаат , многу често се чувствуваат здраво .а д аим се открие покачен пристиок и дијабет, кажува д-р Димитрова.

Проектот „Домашна визита“ во руралните средини ќе трае до 7 мај. Станува  збор за спроведување на 6- ти цуклус по претходно реализираните  кампањи во кои целни групи биле различни категории на населението, меѓу кои и повозрасни граѓани од градот Охрид.   
 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top