Турските серии се „самиот ѓавол“, но сите ги гледаат

Турските телевизиски серии во кои се прикажуваат голи жени во недозволени сцени се “неморални“, но и покрај тоа сите ги гледаат.

 |   | 
Lale
Lale

Турските телевизиски серии во кои се прикажуваат голи жени во недозволени сцени се “неморални“, но и покрај тоа сите ги гледаат.
Lale
“Турските серии се самиот ѓавол, но не е можно да се заобиколат. Ние ги критикуваме, но ги гледаме со големо интересирање“, изјавил тунискиот професор Монцеф Ајари на Турско-арапскиот форум одржан во Истанбул.

“Во познатата ТВ серија “Ѓумуш“ може да се видат провокативни сцени и односи надвор од бракот, какви што постојат и во арапскиот свет, но за тоа не се зборува јавно“, заклучено е на форумот на кој учествувале 200 новинари, режисери и други медиумски работници од дваесетина земји од тој дел на светот.

koga lisjata pagaat“Тоа кај нас се’ уште е табу тема“, објаснува Даниел Абдулфетах од Обединетите Арапски Емирати.

“Турските серии без дозвола влегоа во домовите на многу Арапи и станаа нивен постојан гостин“, вели Хамид ал Туки, медиумски работник од Оман.

“Вие не можете да видите никој на улица кога се прикажува ’Ѓумуш’, која во арапскиот свет се прикажува под насловот ’Нур’“, вели Ал Туки.

Турските телевизиски серии на почетокот беа на удар на исламските конзервативци и во самата Турција заради разголените жени и слободната љубов надвор од брачната заедница, што, како што се тврди, ги загрозува семејните вредности. Со време сето тоа се претвори во бизнис во кој се заработуваат милиони долари, откако во последните пет години телевизиските “сапуници“ ги освоија гледачите во арапскиот свет и на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top