Отворени денови и во Охрид

Граѓаните прашуваа, а директорот на Агенцијата за вработување одговараше. Денес охриѓани имаа можност да се дел од отворените деновои кои ги организира Агенцијата и да се информираат за активните мерки за вработување. Покрај своите маки ги кажаа и своите идеи за подобрување на состојбата со невработеноста во државава.

 |  Јаковлева Лионела  | 
agencija
агенција

Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и  директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните на средбата од свое лично искуство кажуаваа што се им е пречка на патот до вработување.влатко попоски

Јас сум многу изреволтиран затоа што каде и да аплицирам за вработување не добивам никаков одговор. На пример аплицирав за работа во ОДВ ЕЛЕКТРИК, поднесов СИВИ чекав да добијам одговор било позитивен или негативен, но ништо. Одговор нема, вели еден невработен охриѓанец.

Директорот на Агенцијата кажа дека е свесен за ваквите проблеми со кои се соочуваат невработените лица, објаснувајќи дека ова не е единствен случај.

Тоа што не ви одговараат е крајно непрофесионално. Ние ќе поразговараме со нив да хја подигнат културата затоа што има потреба од тоа. Јас успеав во Скопје на сите компании кои објавуваат оглас да им наложам да одговараат на секоја апликација. Тоа го направив и во Битола и во Штип, а ви ветувам дека ќе го направам и во Охрид, рече Поповски.

Ваквите средби се извонредна можност работодавачите и невработените, не само да се запознаат со активните мерки, програми и услуги што ги нуди Агенцијата за вработување, туку на лице место можат да си постават прашања , но и дадат свои мислења, сугестии, предлози, идеи, па дури и критики. Една наша сограѓанка чиј син бил матурант предложи децата пред да се одлучат каде ќе го продолжат своето образование да добијат некакви сознанија за што најмногу се надарени и кои професии се дефицитарни.

Зошто не се спроведе едно тестирање кај матурантите но тоа да не биде како екстерното туку да се направат анкетни листови со повеќе прашања од кои ќе се добие одговор за тоа кое дете какви афинитети има па потоа да им се соопшти тоа. Сигурна сум дека ваквите сознанија многу ќе им помогнат во понатамошниот избор на нивната професија, рече една загрижена мајка.decko

Попоски вети дека ќе ги ангажира кариерните центри и кариерните тимови и ќе се спроведе едно вакво тестирање.

Ќе стапам во контакт со градоначалникот на Охрид и ќе направиме едно тестирање во средните школи во градов. Тоа ќе го направиме во сабота кога децата се послободни. Анкетни листови веќе имаме подготвено па нема да е голем проблем оваа идеа да се реализира, вели Попоски.

Охриѓани денешната средба со директорот на Агенцијата ја оценија како многу позитивна и побараа почесто да имаат ваква можност Инаку, отворени денови на агенцијата за вработување се одржаа во повеќе градови низ земјава, меѓу кои Валандово, Радовиш, Штип, Велес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top