Ќе се уредува крајбрежјето од Воска до Даљан

Од Грашница до Воска ќе се градат хотели, хотелски комплекси и придружни објекти за туризам. Оваа најава доаѓа од градоначалникот Никола Бакрачески, после забелешките на граѓаните дека на северниот дел од Охридскотo крајбрежје Локалната самоуправа не посветува доволно внимание.

 |  Николоска Биљана  | 
voska
воска

bakraceskiВпечаток на граѓаните кои што живеат во населбите Воска и Даљан е дека вниманието на градската власт во Охрид е концентрирана на источното крајбрежје, каде што се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои што се во насока на еден како што велат граѓаните елитен туризам.

Градоначалникот Никола Бакрачески не се сложува со ваквата констатација. Тој категоричен, дека заедно со неговиот стручен тим поденднакво се грижеле за сите делови на градот и смета дека општина Охрид има рамномерен развој и коректна распределба на проектите. Бакрачески изјави дека на потегот на охридското крајбрежје од Воска до Даљан, ќе отворат широк фронт за развој на овој дел од градот во делот на туризмот.

„Во овој момент се изработува урбанистичко планска документација, тоа е првиот чекор во која што на крајбрежјето на потегот од реката Грашница па се до извидничкиот камп се планирани хотелски и помошни туристички објекти. Она што претпоставувам било проблем и за претходните локални гарнитури било решавањето на корисничките парава кои што одредени правни или физички лица ги имале на поедини објекти кои се наоѓаат на земјиште на рм како и некои нерешени имотно правни односи“ – вели Бакрачески.  
 
grasnicaТој убедува дека годинава ќе биде решен и деценискиот проблем на жителите од Даљан кои по неколку пати во годината при обилни врнежи од дожд се поплавуваат. А за жителите од Воска вети реконструкција на локалните патишта.

„Во тек се завршните постапки за тендерот кој што беше објавен со средства од кредит на Светска Банка, за реконструкција на 5 улици во населбите Воска и Даљан и заедно со изградба на нова атмосверска канализација која што беше еден од приоритетните проблеми на граѓаните на населба Даљан“ – изјави градоначалникот.

Бакрачески за брзо време најави дека ќе биде објавен тендер за изградба на ново камено корито кај каналот покрај улицата Аџи Мустафа, кој што во моментов претставува сериозен проблем за жителите од тој потег. Со тоа како што кажа градоначалникот конечно ќе се реши проблемот на жителите а и ќе се уреди  местото и ќе добие еден поубав изглед.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top