Ознака: имаат

Дали им дојде крај на турканиците пред Катастар?

Post Views: 5 Електронскиот катастар наскоро ќе биде достапен и во нашата општина. Оваа алатка ќе им овозможи на граѓаните во било кое време и од било кое место да имаат увид во сопствениот имот. Крајниот рок за воведување на електронскиот катастар е Јуни 2012 година. Оваа алатка досега е имплементирана во Скопје и во уште тринаесетина градови. Од подрачното одделение на Агенцијата за катастар и недвижности велат дека до средината на Март ќе биде воведен електронскиот катастар. Со ова, раководителот на одделението Робе Тодороски вели дека во голема мера ќе се намалат гужвите пред...

Continue reading

zanaet

Финансиска инјекција за македонските занаетчии

Post Views: 9 Министерството за економија одвои 1,2 милиони денари за македонските занаетчии. Станува збор за доделување грантови во вредност до пет илјади евра за занаетчиите и тоа за набавка на опрема, алати и репроматеријали, како и за стручно оспособување и организрање на просторот. Овие средства се доделуваат во најголема мерка за зачувување на старите традиционални занаети, вели Сашо Богоески – претседател на Регионална занаетчиска комора. „Ќе помогне доста затоа што има занаетчии со постари средства за работа или алати по 30,40, 50 години стари алати. Така средства до 5000...

Continue reading

ps FZOM

Нова пререгистрација за невработените

Post Views: 7 За среќа овој пат по скратена процедура. Причина се сменетите износи до кои невработените можат да остварат приход, а сеуште да бидат регистрирани на товар на државата. Доколку навреме не се изврши пререгистрација, од Фондот велат дека лицата ќе бидат одјавени од Регистарот на осигуреници. По турканиците изминатото лето, кога се бркаа последните рокови за пререгистрација, од Фондот за здравствено осигурување со барање за нова пререгистрација. За среќа, овој пат целата процедура ќе биде скратена. Пререгистрацијата ќе биде сведена само на потпишување на изјава за остварен...

Continue reading

lekovi

Поефтинуваат околу 900 лекови

Post Views: 10 Од денес поефтини лекови. Станува збор за листа од околу 900 лекови кои пациентите од денес официјално ќе можат да ги набавуваат по пониски цени. Охриѓани добро информирани за оваа тематика, сепак со резерва ја прифаќаат веста за новите цени. „Слушнав преку медиумите за ова намалување, јас поретко користам, повеќе сопругата ги користи, но сега дали навистина ќе се намалат или не ќе видиме, тоа сеуште не е конечно.“ „Разбрав за ова намалување, меѓутоа еве сега само што купив лек и беше сеуште по старата цена.“-велат дел од Охриѓани. Славе Крстаноски, раководителот на...

Continue reading

smoking

Пушиме и гајле си немаме!

Post Views: 0 Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.Според...

Continue reading

np Galicica

Реалност или пуста желба, ски центар на Галичица

Post Views: 11 За изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови. „Можеби ќе поминат  и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија  и...

Continue reading

Kamber Demirali

Исчезнато лице

Post Views: 3 Камбер Демирали на 24-ти декември го напуштил својот дом и од тогаш му се губи секаков траг. Неговото семејство изгубило секаков контакт со него. 40 годишниот Демирали е глувонем. Роден е на 28 февруари 1972 година со адреса на живеење на ул. „Рахмут Рифат“, бр.7. Се молат граѓаните кои имаат било каква информација за Камбер Демирали да го контактираат семејството на тел. 046/ 261 921. {loadposition content9}

Continue reading

parking

Лицата со инвалидитет бараат почитување на Конвенцијата на нивните права

Post Views: 1 Лицата со различни видови инвалидитет ги повикуваат надлежните на почитување на Конвенцијата за нивните права.Тие долго време беа запоставувани од држaвата, а сега со нејзиното потпишување, овие лица очекуваат да ги имаат истите права како и „обичните“ луѓе. Сега треба да се адаптираат сите објекти и институции кон нивните потреби и  да се отстранат сите бариери, и физички и интелектуални. Лицата со инвалидитет се свесни дека промените нема да се случат  преку ноќ туку постепено, но бараат  од некаде промените да  стартуваат. Побараа од Локалната самоуправа одговор...

Continue reading

Nastoski kaj malata Mona

Ненајавени но добредојдени гости

Post Views: 2 Независниот советник Љупчо Настоски во домот на Симона Јовеска. Ова е мал гест на хуманост за Божиќните празници, вели Настоски. Тој откако го видел прилогот на нашата телвизија за состојбата на малата Мона која има само четири години а сеуште не ја има почуствувано светлината на денот, чекал соодветна прилика за да и укаже мало внимание на неа и на нејзиното семејство. Настоски вели дека досега многу помагал на сиромашни семејства, но овој пат, пред малата Мона, емоциите го совладале и неможе да опише какво е чуството. Мајката на малата Мона и овој пат не дочека со...

Continue reading

paketcinja

Новогодишна радост за децата од дневниот центар во црквата Св. Ѓорѓија

Post Views: 2 Радост за дечињата со посебни потреби од детскиот центар во црквата Св. Ѓорѓија. Охридскиот градоначалник и советниците им поделија, новогодишни пакетчиња на овие дечиња, со надеж дека ќе измамат насмевки на нивните лица барем за миг. „Времињава се многу тешки, секако дека на секого му е потребна помош, меѓутоа најпотребна помошта им е најранливите групи, а тоа се овие деца. Ние посотојано од самиот почеток гледаме да вложуваме во образованието и за оваа ранлива група на деца. Во услови кога во македонија скоро секаде се затвораа целодневните настави, ние успеавме не...

Continue reading

ou Koco Racin

Охридските училишта ќе се санираат – изградба на нови нема

Post Views: 13 За 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта. Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање  и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа. Во наредната година во најголем дел  планирани се санација на  подовите во училиштата, реконсрукцијата на санитарните јазли, замена на делови од кровните конструкции и дограмите. Во програмата за реконструкција на училиштата влегува и...

Continue reading

Komunalec

Пораст на сметките за ѓубретарина

Post Views: 1 Давачката за ѓубретарина може да се зголеми, најавува Комуналец по најновата одлука за зголемување на цената на струјата. Растот на цената на  нафтата  исто така се рефлектира  и ја отежнува работата на ЈП „Охридски Комуналец“, истакнува првиот човек Сашо Алчев. Дадов иницијатива до еснафското здружение АТКОМ и Сојузот на стопанските комори да побараат од Владата да се откаже од акцизата и давачките кои јавните комунални претпријатија ги имаат во делот на бензинот и дизел горивото ама и по три месеци  одговор сеуште нема, кажува Алчев. Првиот човек на Комуналец вели...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top