Ознака: имаат

lica so hendikep

Лицата со различни видови хендикеп запоставени од државата

Post Views: 6 Лицата со различни видови  хендикеп се чувствуваат запоставени од државата. Конвенцијата за нивните права сеуште чека да биде ратификувана. Со нејзиното потпишување  овие лица би се израмниле со правата на  обичните луѓе, но при тоа би требало да се извршат и драстични промени во државата. Треба да се адаптираат сите  институции, да се остранат  сите бариери, и физички и интелектуални. Лицата со хендикеп велат не бараме промени преку ноќ туку постепени измени. Но, со сегашната ситуација  очигледно е дека државата нема пари, но и волја за тоа сметаат  лицата со хендикеп. Лицата...

Continue reading

уперкомпјутер

Промовиран првиот суперкомпјутер од Македонија!

Post Views: 1 Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“. Кимовски појаснува дека компјутерот...

Continue reading

NP Galicica

НП „Галичица“ небезбедна во зимски услови

Post Views: 4 Секоја обврска носи одговорност. Како што е познато од 15 ноември до 15 март, согласно програмата на Агенцијата за патишта и годинава патниот правец према „Галичица“ е затворен за сообраќај. Советниците на општина Охрид велат дека секоја година се соочуваат со истиот проблем, кој треба да се надмине. Претставникот на Комисијата за јавни и комунални дејности Јоне Станкоски, рече дека имаат програма за зимско одржување на локалните патиштата и доколку им се дозволи можат да се грижат и за патниот правец према НП „Галичица“. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески...

Continue reading

gradinka

Решен статусот на дел од вработените во охридската градинка

Post Views: 16 Принципиелно решавање на статусот на ангажираните со договор на дело во детските градинки. Четири негувателки и три воспитувачки веќе се стекнаа со долгоочекуваните решенија за регулирање на редовен работен статус во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. В.Д. директорот на оваа установа Марина Петроска Тодороска вели, дека се` поминало согласно законските пропозиции, а тоа е исполнување на условите по конкурсот и давање предност на оние кои имаат подолг работен стаж со договор на дело. Тодороска кажа дека ова е реализација на првата зацртана фаза од страна на...

Continue reading

grobishta

Половичен интерес за старателство на гробните места

Post Views: 0 ЈП „Охридски комуналец“ започна да го применува Законот за гробни места и  воведе старателство на гробните места.  Засега интересот за потпишување договори со роднините е половичен истакнува Ѓоко Филипчевски , раководител на ЈП Градски гробишта, чие формирање е во тек. За еден месец со регистрирањето на претпријатието се очекува оваа постапка да биде целосно завршена вели Филипчевски.  Старателите на гробните места ќе имаат и законска обврска. Тие ќе треба од семејниот буџет да издвојат сума пари за две ставки. И тоа годишно за одржување на гробните места, но и за еднократен...

Continue reading

alpinisti

Алпинисти и планински водичи

Post Views: 15 Можност македонските алпинисти да станат светски признаени планински водичи. Под менторство на Словенечкото здружение на водичи на високи планини, македонските алпинисти ќе се запознаат со што се е потребно да станат планински водичи по ИФМГА стандардите. Во моментов Македонската организација на водачи во планина е со статус на Член аспирант. Стекнувањето на овој статус е најделикатниот и најтешкиот дел од процесот на зачленување во организацијата, станува збор за долг процес, но ние сме свесни дека треба да почне некогаш, вели алпинистот Антонио Додески. Додески додава...

Continue reading

abr metod

АБР методата не е лага

Post Views: 20 Родителите чии деца имаат потреба од АБР методата   се задоволни од нејзината примена.  Валентина Лекоска ги сподели своите искуства по 10 месечната упорна и секојдневна примена на АБР методата на својот син Иван. „Ние сме задоволни од терапијата и би сакала да чујат сите за што се работи. Методата не е лага туку вистина вели Лекоска. Нашиот син Иван лазеше, а по 10 месеци примена на АБР методата сега е исправен и оди со придружба“,  вели  пресреќната мајка.    Јавната презентација на оваа метода предизвика силен интерес кај граѓаните. Родителите и терапевтите од Белгија...

Continue reading

ucenici

Знаење и креативност во образованието

Post Views: 1 120 студенти, како и млади дипломирани наставници од педагошките факултети од Скопје, Тетово, Штип и Битола како и од Институтот за социјална работа во Скопје, ќе се стекнат со дополнителни знаења за работа во мултиетнички средини. Станува збор за петдневна обука во организација на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во соработка со педагошките факултети во земјата. Ханс Шустер, од образовниот тим на ОБСЕ информира дека после дипломирањето, младите професори немаат многу искуство во работењето со деца од различни етнички средини како и деца од маргинализираните групи....

Continue reading

Olgica Apostolova

Утврдување и решавање на проблемите на охриѓанки

Post Views: 1 Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓани, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата  „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“. Жените од Кочани, Штип, Гостивар, Кичево   и останатите градови во земјава покрај невеработеноста како заеднички проблем имаат и специфични кои им задаваат сериозни главоболки, вели Елена Грозданова, советник за родова еднаквост во Министерството за труд и социјална политика. Досега тие во соработка со НВО Антико имале средби со повеќе општински Комисии...

Continue reading

Дали Охрид и Струга ќе имаат засебни претпријатија на Проаква?

Post Views: 3 Согласност за раздружување на меѓуопштинското ЈП Проаква, од владата на Република Македонија, односно од Министерот за финансии Зоран Ставрев,  денеска побараа од партијата ВМРО Народна. Двете организации кои би настанале со поделбата, без никакви технички проблеми би продолжиле со својата работа. „Од истото ниту би трпеле граѓаните, ниту пак вработените, а со тоа единствено ќе им се олесни работата на работните групи кои делуваат на овој терен. Ефектот од ова раздвојување би бил многу поголем како техничко технолошки, така и персонално, односно административно. Имено...

Continue reading

Охриѓани сепак имаат доверба во банките

Post Views: 4 Граѓаните на Охрид имаат долга традиција на штедење, која не била прекината и нарушена и во најтурбулентните времиња. Постојаниот пораст на депозитната база кај двата пазарни сегменти – населението и правните субјекти, укажува на лојалноста на граѓаните кон банката како институцијата. „Парите, доколку ги има се разбира дека се за во банка, а не за под перница“, коментираат граѓаните. Со состојбата од 30.09 2009 год. вкупните депозити на на државно ниво, само во Охридска банка АД Охрид, изнесуваат 4,85 милијарди денари (или околу 79 милиони евра). Притоа 2,1 милијарди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top