Ознака: изградбата

plostad

Изградбата на плоштадот кај мини маркет и понатака во мирување

Post Views: 3 Изградбата на плоштадот кај мини маркет и понатака е во мирување. По 9 месеци од започнувањето на  градежните активности  тие никако да се привршат. Во непосредна близина на паркот има пошта, експозитура на банка и продавници кои имаат негативен ефект во работата заради тоа што клинетит еги заобиколуваат поради лошата инфратструктруа.   Жителите од населбата Билјанини извори кои го користат патот покрај паркот во зимските и пролетните месеци газеа по кал, а  сега се соочуваат со прашина. Многу од нив се револтирани и им смета неуредениот простор. Локалната самоуправа...

Continue reading

При крај изградбата на кружниот тек на влезот во Охрид

Post Views: 1 Два дена нема работници и механизација на новото кружно решение кое Локалната самоуправа го гради на пресекот на ул „Бистрица“ со бул. „Туристичка“. Ова укажување доаѓа од мештаните на овој потег кои се обратија до нашиот медиум. Тие исто така се загрижени дали на овој потег ќе се направат и тротоарите бидејќи во ваква состојба пешаците како учесници во сообраќајот се принудени да се движат по коловзот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој улици и патишта вели дека граѓаните можеби се нетрпеливи па оттука и нивниот револт е оправдан но работите на терен нормално...

Continue reading

асвалтирање

Започна изградбата на кружен тек помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“

Post Views: 1 Започнаа подготвителните работи за изградба на кружен тек на пресекот помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“. Со тоа Охрид ќе добие современо сообраќајно кое ќе го намали сообраќајниот метежот во овој дел од градот и ќе придонесе за зголемување на безбедноста и на пешаците и на возачите, рече градоначалникот Никола Бакрачески. На овој начин сакаме да го решиме долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот, пред се безбедноста на пешаците и велосипедистите. Како што знаете во минатото на ова место се случија голем број незгоди, меѓутоа во исто време...

Continue reading

gradski pazar

ЈП „Градски пазар“ даде отчет

Post Views: 1 Отчет даде и ЈП „Градски пазар“. Директорот Тони Коталески денес пред новинарите зборуваше за се она што е сработено во изминатите две години. Започна како што рече со најзначајниот и најкапитален проект, а тоа е изградбата на нов затворен зелен пазар. Уште еднаш потенцира дека е избран приватен партнер односно изведувач и рече дека изградбата на пазарот ќе започне наскоро. На прашањето каде привремено ќе биде сместен пазарот додека траат градежните работи не даде конкретен одговор. Сеуште не знаеме каде привремено ќе биде сместен градскиот пазар додека се гради новиот...

Continue reading

pitu guli

Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Post Views: 5 Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули  ќе бидат реализирани уште два кружни тека  и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат...

Continue reading

sednica

Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување

Post Views: 3 Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување на 36та седница на совет. Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар неприфатлива за опозицијата во советот. Координаторот Јован Стојаноски рече дека ова е уште еден пример на раскрчмување на општинскиот имот. Ние не сме против реализација на капитални проекти корисни за градов но сме против ваквиот начин на нивна реализација. Ваквите се неповолни и не се во интерес на граѓаните.Во општинава не остана веќе педа земјиште...

Continue reading

Општина Вевчани ја завршува изградбата на фекалната канализација во населбата

Post Views: 1 Изградбата на фекална канализација во општина Вевчани се привршува кон крај. Изградени се 9 канализациони краци или околу 99 проценти од домаќинствата и објектите се приклучени на фекалната линија. Остануваат многу кратки краци кои ќе може да ги заврши јавното претпријатие Вевчани, информира Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани за овој крупен инфраструктурен зафат. „Со канализационите линии во должина од околу 1 км и 200 метри Вевчани ја заокружува целосно канализационата мрежа. Изградивме и нова пречистителна станица и овие денови се очекува да се пушти во...

Continue reading

zgrada

Започнатата доградба на општинската зграда ќе се довршува

Post Views: 6 Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда.  Ова го  најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови  со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата  беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување.  „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании кои...

Continue reading

hrvati marina

Хрватски компании во обиколка на можните локации за изградба на градската марина во Охрид

Post Views: 2 Две хрватски компании од областа на градбата на марини, во обиколка на охридското крајбрежје. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручни лица од областа на изградбата на марини како и стручните лица од Капетанијата на пристаништата на Република Македонија им ги презентирале на гостите можните локации за изградба на градската марина. „Ги разгледувавме тие локации заедно со експерти од оваа област. Имавме можност да прошетаме и со брод во близина на крајбрежјето, каде што гостите од Хрватска сакаа да го разгледаат и тлото на езерото, се информираа...

Continue reading

mijalkov

И годинава одложена е изградбата на ул. „Јордан Мијалков“

Post Views: 4 Изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид ќе чека подобри времиња. Новопроектираната улица кај Бејбунар цели 4 години не е ставена во функција. Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот но истата никако да се најде во годишните програми на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Последната информација од одделението за односи со јавност во врска со оваа улица беше дека таа ќе се изгради оваа есен како дел од опсежните градежни проекти на целата територија на општина Охрид. Зошто тоа не се случи причините...

Continue reading

kruzni

Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште

Post Views: 2 Реализација на капитални проекти во 2015 година, најавува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека престојната година ќе бидат реконструирани и адаптирани неколку сообраќајници во градот како и изградба на пет кружни текови. „Два ќе се финансираат со средства од светска банка и тоа едниот е на раскрсницата на „Туристичка“ со „Бистрица“ а другиот е на раскрсница на „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Општината Охрид со сопствени средства ќе ги финансира изградбата на останатите три сообраќајници таму каде ѓто се спојува „Туристичка“ со „Абас...

Continue reading

igraliste

Локалната привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева

Post Views: 9 Локалната самоуправа привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева. Станува збор за инвестиција од околу 300.000 евра или околу 20ина милиони денари. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на ова современо игралиште нуди можности за развој на спортскиот туризам. „Се прави со финансиско вложување на општина Охрид и на Фудбалската федерација на Македонија, односно УЕФА кое што ќе биде едно од најдобрите игралишта на вештачка трева во Република Македонија и ќе се создадат услови за она што ние подолго време наназад го најавуваме,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top