Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште

Големи инфраструктурни зафати предвидува општина Охрид за престојната 2015 година. Како што изјави првиот човек на градот Никола Бакрачески, месец март и април, Охрид ќе биде претворен во големо градилиште каде ќе се реконструираат и адаптираат неколку главни сообраќајници, ќе се градат пет кружни текови, ќе отпочне со градба зелениот пазар и  катната гаража, ќе се гради ул. Илија Смически во Лескоец, а доколку се најде инвеститор од наредната година ќе се гради и автобуската станица.

 |  Николоска Биљана  | 
kruzni
кружни

kruzniРеализација на капитални проекти во 2015 година, најавува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека престојната година ќе бидат реконструирани и адаптирани неколку сообраќајници во градот како и изградба на пет кружни текови.

„Два ќе се финансираат со средства од светска банка и тоа едниот е на раскрсницата на „Туристичка“ со „Бистрица“ а другиот е на раскрсница на „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Општината Охрид со сопствени средства ќе ги финансира изградбата на останатите три сообраќајници таму каде ѓто се спојува „Туристичка“ со „Абас Емин“ со „Јане Сандански“ и останатиот ќе е спој на „Туристичка со „Стив Наумов“. Тоа претставува еден од најзначајните инфраструктурни зафати во ист период кој што општина Охрид не го памети 10 години наназад“ – објаснува Бакрачески.

kruzniБакрачески напомена дека наредната година во истиот период предвидено било реконструкција на 5 помали улици заедно со изградба на атмосферска канализација во населба Даљан и Воска, изградба на улицата Илија Смически во Лескоец, набавка на современи возила за ЈП „Охридски Комуналец“. Градоначалникот ја спомна изградбата и на капиталните објекти.

„Очекуваме на крајот од оваа или почетокот од наредната година конечно да се започне со изградба на затворениот зелен пазар кој што е зафат кој што ќе се гради претпоставувам во траење од 24 месеци. Други два крупни проекти кои ќе ги реализираме е изградба на катна гаража кое што е и наше ветување и доколку најдеме инвеститор ќе започнат градежните активности за изградба на современа автобуска станица. Во наредната година ќе започне изградбата на затворениот пливачки базен“ – вели Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески изјави дека поголемиот дел од предвидените зафати во делот на инфраструктурата за 2015 година, требало години наназад да бидат реализирани во општина Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top