Започнатата доградба на општинската зграда ќе се довршува

Започнатата доградба на општинската зграда ќе се довршува.

 |  Валентина Неловска  | 
zgrada
zgrad

Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда.  Ова го  најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови  со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата  беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување.  
zgrada
„ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании кои ќе работат на изградбата и на инсталациите, на фасадата, ентериерот, значи компании за 5 изведбени работи на нова општинска зграда“, кажува Томе Џамтоски.     

Се очекува наскоро да бидат потпишани  договори со изведувачите во вредност од 6 милиони денари. Вредноста на почетното јавно надавање  изнесуваше нешто повеќе од 7, 5 милиони денари , но во јавното надавање сумата достигна висина од  6 милиони денари, информира Џамтоски за просторот каде што ќе биде сместена општината.

zgrada„ Спред она што ние како договор ќе го понудиме би требало крајниот рок на изведувањето  да е 6 месеци и до средината на 2015 година целосно да биде завршена реконструкција на општинската зграда“, напомена Џамтоски.

Со проширувањето на општинската зграда ќе се создадат услови за општинската администрација поефикасно да работи, беа првичните најави на плановите за нејзино проширување. Исто така, со овој зафат  ќе се обезбеди и простор за потребите на разни здруженија, културно уметнички друштва и спортски клубови од градот кои имаат потреба од поддршка на Локалната самоуправа. Според најавите оваа градба треба да ги задоволи и  потребите на лицата со попреченост за  полесен пристап до административните служби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top