При крај изградбата на кружниот тек на влезот во Охрид

Граѓаните се жалат дека градежните активности на кружниот тек на пресекот на ул „Бистрица“ со бул „Туристичка“ се стопирани. Од Фондот за комунален развој, улици и патишта при локалната велат дека работите на терен нормално течат и градежните зафати се при крај.

 |  Николоска Биљана  | 

Два дена нема работници и механизација на новото кружно решение кое Локалната самоуправа го гради на пресекот на ул „Бистрица“ со бул. „Туристичка“. Ова укажување доаѓа од мештаните на овој потег кои се обратија до нашиот медиум. Тие исто така се загрижени дали на овој потег ќе се направат и тротоарите бидејќи во ваква состојба пешаците како учесници во сообраќајот се принудени да се движат по коловзот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој улици и патишта вели дека граѓаните можеби се нетрпеливи па оттука и нивниот револт е оправдан но работите на терен нормално течат.

„Подолго од еден месец се во полн ек градежните активности за изградба на кружната раскрсница. Во моментов можам да кажам дека повеќе од 80% од градежните активности се завршени во оној дел што се однесува на градба на трупот на патот останува уште хортикултурно уредување на јадрото на кружната раскрсница и поплочување на малата пешачка патека околу средишното јадрото на раскрсницата додека пак сите градежни активности кои вклучуваат асвалтирање и претходните комунални зафати се во целост завршени – нагласува Танески.

Тој инфрмира дека во завршна фаза се и пешачките зони, останало само да се поплочат, што како обврска го презела општина Охрид. Додаде дека остануваат уште некои финеси за завршување на кружниот тек и негово официјално пуштање во употреба.

„Нема причина за нестрпливост и нервоза кај мештаинте што живеат на овој потег, бидејќи градежните активности се во полн ек, течат и денеска и сето тоа што им претставува проблем и ги тишти граѓаните ќе биде во најбрзо можно време направено и изградено“– вели Танески.

 Што се однесува до активностите поврзани со средување на пешачката и велосипедската патека долж Туристичка, од влезот на градот до Бензиската пумпа кај Билјанини извори, најверојатно ќе бидат опфатени  следната година во рамки на проектот за целосно уредување на пешачките и велосипедски патеки, информира Танески.

{loadposition conntent9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top