ЈП „Градски пазар“ даде отчет

ЈП „Градски пазар“ бележи нагорен тренд во работењето. Тоа го потенцираше директорот Тони Коталески во отчетот кој го даде пред новинарите. Најголем успех е реализацијата на капиталниот проект за изградба на затворен зелен пазар.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gradski pazar
градски пазар

Отчет даде и ЈП „Градски пазар“. Директорот Тони Коталески денес пред новинарите зборуваше за се она што е сработено во изминатите две години. Започна како што рече со најзначајниот и најкапитален проект, а тоа е изградбата на нов затворен зелен пазар. Уште еднаш потенцира дека е избран приватен партнер односно изведувач и рече дека изградбата на пазарот ќе започне наскоро. На прашањето каде привремено ќе биде сместен пазарот додека траат градежните работи не даде конкретен одговор.gradski pazar

Сеуште не знаеме каде привремено ќе биде сместен градскиот пазар додека се гради новиот современ зелен пазар. Во опција се неколку локации, но сеуште размислуваме која ќе биде најдобрата и за продавачите и за купувачите, вели Коталески.

Директорот на ова јавно претпријатие се пофали дека во изминатите две години ја подобриле неговата финанасиска состојба, вратиле поголем дел од долговите и ги намалиле расходите. ЗАдоволен е и од функционирањето на неодамна отворениот Авто пазар.пазар

Задоволни сме од работењето, остваруваме приходи, и истиот не генерира расходи, а ги користиме постојните ресурси, човечки и материјални за негово работење. Потребно е подолго време за граѓаните да се навикнат на посета на Автопазарот, во чиј склоп работи и пазар за продажба на половни автоделови. Работиме на промоција на истиот, вели Коталески.

Коталески како успех на претпријатието го спомна и отварањето на пазар на големо, обезбедување на просторија за продажба на сирење и јајца, поставувањето пристапни рампи за лицата со хендикеп, отварањето на ВЕБ страна и учеството во групацијата на зелени пазари. Во моментов работат на повеќе проекти како што се отварање на мини пазари за земјоделски производи, пред се во летниот период, отварањецветен пазар и современи цвеќери,  отварање автоперална миење и одржување на возила и промовирање на пазарот како традиционално туристичко место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top